Скарлет Јохансон се омажи по третпат


САД – Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон се омажи по третпат, и тоа за глумецот Колин Џост. Венчавката минала само како интимна свеченост за време на викендот, а веста јавноста ја дозна вчера. Џост (38), инаку, е сценарист за светски познатото „Шоу во сабота навечер“. Најскапо платената актерка од минатата година, ѕвездата на „Црната вдовица“ на Марвел, […]

Почина поранешниот турски премиер Месут Јилмаз


Турција – Поранешниот премиер на Турција, Месут Јилмаз почина на 73-годишна возраст. Со години боледуваше од рак на белите дробови. Годинава му беше извршена операција на мозокот. Јилмаз беше член на партијата Матица (АНАП) од 1991 до 2002 година, а во текот на 90-тите години трипати беше биран за премиер, но неговите два мандата траеја […]

Во следните денови претежно сончево, утринските температури во опаѓање


УХМР најавува дека во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Во недела минималната температура наместа ќе достигне до 0, додека во […]

Филипче: Маски на отворено мора да се носат за да се намали бројот на новозаболени и трансмисијата на вирусот


Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Кога е студено времето многу е важно секој од нас да се грижи за сопственото здравје, па дури и од настинка и сезонски грип. Во таа смисла, прекривката на устата и носот, маска, марама, шал овозможува да дишеме топол воздух, да не се најдеме во […]

Поради бучава затворен кафе-барот „Интермецо“


Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена. По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина […]

Барањата за смена на Јаневски се упатени на погрешна адреса, велат од Стопанската комора за туризам


Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) изразува чудење за наведените причини со кои се бара оставка на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и смета дека се упатени на погрешна адреса. Порачува дека наведените аргументи не навлегуваат во ингеренциите на агенцијата, туку се во надлежност на Секторот за угостителство при […]

Во градинките досега позитивни на корона вирусот 33 деца и 109 вработени


Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа посочува дека поголемата бројка на деца во изолација е поради тоа што еден позитивен […]

СОНК бара да им се плати прекувремената работа на наставниците, а хроничните болни да работат од дома


Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ги повика директорите од основните училишта, на вработените во настава со физичко присуство кои имаат зголемен обем на работа, во октомвриската плата да им биде пресметан дополнителниот број часови наметнати поради пандемијата. Од МОН бара да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство на хронично болните наставници […]

Заев на видео средба со Вучиќ и Рама


Премиерот Зоран Заев денес ќе одржи трилатерална средба со своите колеги од регионот: претседателот на Република Србија – Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија – Еди Рама, во рамките на иницијативата за напредна регионална соработка. Состанокот ќе се одржи преку видео-конференција.

Медијапул: Скопје категорично ја одби „понудата“ на Софија


Бугарскиот портал „Медијапул“ напиша денес дека Скопје категорично ја одбило понуддата на Софија според која Бугарија треба да го прифати македонскиот јазик и идентитет, но Македонија да признае дека тие имаат бугарска основа.Така, оценува медиумот, станува сè поверојатно дека Бугарија ќе го блокира усвојувањето на рамката за преговори на Северна Македонија следниот месец и првата […]

Словенија со најмногу починати во еден ден од корона вирус, училиштата на распуст


  Во последните 24 ласа во Словенија од корона вирус заболеа уште 1.798 луѓе, а починаа 23, што е највисок број во еден ден досега. Како што јави ТВ Словенија, владата во текот на денот ќе фи претстави новите мерки за сузбивање на пандемијата. Тестирани биле 6.685 лица од кои 28,3 отсто биле позитививни на […]

Пендаровски: Во услови на пандемија, важноста на високото образование и на науката станува уште позначајна


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на онлајн конференцијата посветена на високото образование во регионот на Западен Балкан, на тема „Заеднички вредности, способности и одржлив развој“. Конференцијата е поддржана од Германската служба за академска размена – DAAD. -Оваа платформа за размена на експерти меѓу трите држави, која е поддржана од Германската служба за […]

Жителите на Кисела Вода ги враќаат старите печки за инертери


Жителите на општината Кисела Вода што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери и добиле мејл од Град Скопје, во текот на претстојниов викенд (утре и во недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Васил Антевски- Дрен“. Акцијата ќе трае од 10 […]

Индустријата и натаму во минус – 3,9 отсто во септември, од почетокот на годината 12,1 отсто


Индустриското производство во септември годинава, во однос на септември 2019 година бележи пад од 3,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци индустриското производство во периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година, бележи пад од 12,1 отсто. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство […]

Медицинските сестри реагираат што не вклучени во наградата “ 13 Ноември“


Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ апелира медицинските сестри да не бидат изоставени од здравствените тимови, особено од оние кои се наградувани, како во случајот со добитниците на наградата „13ти Ноември“ што ја доделува Град Скопје за успешно извршување на првата трансплатација на срце во […]

Битиќи не поднел анкетен лист за имотната состојба


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се уште не поднел Анкетен лист за својата имотна состојба и за тоа што поседуваат неговите најблиски во Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси.  Битиќи не поднел ниту изјава за интереси во која треба да наведе колку и какви бизниси евентуално поседува, дали и колку […]

„Прв до врв“ половина виртуелно, половина вистинска трка


Во согласност со најновите заострени мерки на Владата и Комисијата за заразни болести, трката Есенска 5К, која требаше да се одржи на 31 октомври, ќе се одржи во формат и времетраење прилагодени на околностите предизвикани од здравствената криза, информираат од здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје, организатори на трката. Од Здружението […]

Министерот Нуредини во самоизолација, ќе работи од дома


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини преку својот фејсбук-профил соопшти дека е во самоизолација поради контакт со лице позитивно на Ковид-19. – Би сакал да ве известам дека заради претпазливост од вчера изутрина сум во самоизолација. Бев информиран дека лице со кое имав работна средба во вторникот добило позитивен резултат од тестот […]

Епидемијата коси, многу казни за неносење маски


Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 928 прекршоци, информираат од МВР. Министерството воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.