Доктор ви открива кои витамини да ги земате за да го намалите ризикот од корона


Земањето на одредени витамини и минерали во голема мера го зајакнува имунитетот и спречува инфекции. Влеговме во осмиот месец од епидемијата на вирусот корона и како што предвидуваат нашите експерти, третиот бран е на повидок. Во исто време, сезоната на грип и настинка започна и сега, повеќе од кога било, важно е да се зачува […]

Кинеската челичарница „Џиангкси“ му подари автомобил на секој вработен


Кинеската компанија за производство на челик, „Џиангкси“ ги награди сите свои 4.116 вработени со нов автомобил. Наградата е заради надминување на зацртаната заработка, петта година по ред. Корпорацијата „Џиангкси“ на своите вработени, неколку недели пред Денот на кинеската државност, им подари вкупно 2.933 возила Форд Територи и 1.183 Фолксваген Маготан. Според кинеските медиуми, фирмата тоа ја […]

Романот „Излегов“ на отец Пимен ќе биде промовиран на Европската ноќ на литературата во Софија


Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска ќе се приклучи на деветтото издание на  Европската ноќ на литературата во бугарската престолнина. На настанот, кој ќе трае од 18 до 21.30 часот, македонскиот КИЦ во Софија во читателското гнездо MOVE.bg (ул. „Сердика“ 20, сп. 1, „Црвена сала“) ќе го претстави романот „Излегов“ на отец […]

Навални: Герхард Шредер е потрчко на Путин


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални остро го нападна некогашниот германски канцелар Герхард Шредер, тврдејќи дека е платен од рускиот претседател Владимир Путин. – Шредер е платен од Путин. Но сега кога се обидува да го негира труењето со нервен агенс врз мене, тогаш тоа е многу разочарувачко, истакна Навални за германскиот весник „Билд“. Шредер неодамна […]

Славниот гитарист Еди ван Хелен почина на 65 години (видео)


САД- Еди ван Хелен, еден од најпознатите рок-гитаристи и основач на рок-групата „Ван Хелен“ именувана по него и неговиот брат тапанар, почина денеска од рак. Тажната вест ја објави неговиот син Волфганг на Твитер. „Не ми се верува дека морам да го напишам ова, но татко ми Едвард Лодевијк ван Хален ја загуби долгата и […]

Фаучи повторно го демантира Трамп, овој пат за изјавата дека коронавирусот е ист со грипот


САД– Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи го негираше тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека коронавирусот е смртоносен исто колку и грипот. Тој потсети дека симптомите на овие две болести се слични, но дека штетата што коронавирусот ја предизвикува врз организмот е значително поразлична од онаа предизвикана од грип, пренесува телевиизјата Ен-Би-Си Њуз. Трамп претходно […]

Македонија-Косово без публика: Навивачките групи да се воздржат од инциденти


Македонија утре на Националната aрена „Тодор Проески“ од 20.45 часот ќе го пречека Косово во историското полуфинале од баражот за пласман на Евро 2020, а Министерството за внатрешни работи на Македонија објави соопштение пред утрешниот дуел. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на […]

Европските земји се соочуваат со недостиг на „ремдесивир“


Европските земји се соочуваат со недостиг на „ремдесивир“, кој се употребува за лекување од Ковид-19, имајќи предвид дека се намалуваат ограничените резерви, бидејќи големи количества на лекот, кој го произведува компанијата „Гилеад“, се продадени на американскиот пазар. Во јули оваа година земјите од ЕУ и Велика Британија, кои заедно имаат околу 500 милиони жители, обезбедиле […]

Три европски земји пријавија рекорден број новозаразени


  Три земји од ЕУ, Бугарија, Украина и Чешка, објавија рекорден број новозаразени со корона вирус. Во Бугарија, во последните 24 часа регистриран е рекорден број новозаразени – 436, а починаа осум пациенти. Од почетокот на пандемијата заразени се 22.306 луѓе, а починаа 862 пациенти. Бројот на случаи со корона вирус почна да расте кон […]

Во Германија повеќе од 2.800 заразени, починаа 16


  Бројот на потврдени случаи со корона вирус во Германија во последните 24 часа порасна за 2.828, соопшти Институтот за заразни болести „Роберт Кох“. Од последните пресек починаа 16 заболени, пренесе Ројтерс. Во Германија досега вкупно се заразени 306.086, а починаа 9.562 пациенти.

И советникот во Белата куќа, Стивен Милер, позитивен на корона вирус


Советникот во Белата куќа, Стивен Милер, вчера соопшти  дека е позитивен на корона вирус, што е најновиот случај на инфекција со вирусот во најблискиот круг на американскиот претседател Доналд Трамп. -Во последните пет дена работев од далечина и бев во самоизолација. Тестовите беа негативни секој ден се до вчера, рече Милер. Тој, исто така, изјави […]

„Боинг“ ја намали прогнозата за побарувачка на авиони во следните две децении


Американскиот производител на авиони „Боинг“ ја намали 20-годишната прогноза за побарувачка на нивните авиони, бидејќи економските превирања предизвикани од пандемијата на коронавирусот негативно ќе влијаат и на испораките на авиони во следните неколку години. „Боинг“ сега предвидува дека во следните две децении испораките на комерцијални авиони ќе достигнат 43.110 единици, што е за два проценти […]

Во Шпанија уапсен Џон Мекафи, креатор на познатиот антивирусен софтвер


Соединетите држави го товарат за затајување данок, а тој беше уапсен додека се подготвуваше да отпатува за Истанбул Шпанската полиција во вторникот објави дека го уапсила Џон Мекафи, американскиот креатор на антивирусниот софтвер, кого САД го бараат за затајување данок. Полицијата го уапси 75-годишниот Американец во саботата на аеродромот во Барселона, кога тој се подготвувал […]

Хибридна настава наместо традиционално студирање


Коронавирусот, кој во последните месеци ги смени наште животни навики, нè принуди да усвоиме некои нови, а една од нив е учење и работа на далечина. Многу универзитети ширум светот започнаа да организираат програми преку Интернет за многу кратко време. Некои од нив веќе имаа искуство со ова, особено приватните универзитети, а повеќето од нив […]

Бајден: Дебатата со Трамп ќе се оддржи само доколку претседателот е здрав


Претседателскиот кандидат на Демократската партија за изборите во САД во ноември, Џо Бајден, изјави дека ќе ја откаже договорената дебата со Доналд Трамп, на 15 октомври, во Мајами, доколку американскиот претседател, се уште, е болен од коронавирус, пренесуваат француските медиуми. -Со нетрпение чекам да дебатирам, но се надевам дека ќе се следат сите протоколи, изјави […]

ЕК: Турција се оддалечува од членството во Европската унија


Европската комисија соопшти дека турската Влада ја поткопува економијата на својата земја, ја поткопува демократијата и ја уништува независноста на судовите, поради што Турција е многу подалеку од членството во Европската унија отколку претходно. Комисијата ги обвини „претерано“ централизираните претседателски овластувања за влошувањето на слободата на говорот, затворскиот систем и централната банка и рече дека […]

Повеќе од четири милиони Американци веќе гласале на претседателските избори


Според досега обезбедените податоци за предвремено гласање, бројот на Американци кои веќе гласаа пред официјалниот ден за гласање на претседателските избори, 3 ноември, е без преседан, што може да укаже на фактот дека  ќе има рекорден одив на гласачи на изборите, на кои учествуваат актуелниот претседател Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден. Четири недели пред […]

Извештајот на ЕУ за реформскиот напредок е охрабрувачки, потребни се напори за решавање на спорот со Софија


Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, вчера прв пат во неговиот мандат ги презентираше редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од западен Балкан и Турција, Северна Македонија бележи напредок во повеќе области, но треба да вложи дополнителен напор за медиумите, антидискриминацијата и говорот на омраза, истовремено да се ангажира со Софија за надминување на […]

Надал се пласираше во полуфиналето Ролан Гарос


Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Тој доцна синоќа четвртфиналето, во три сета го победи италијанскиот тенисер Јаник Синер. Резултатот по сетови: 7:6 (7: 4), 6:4, 6:1. Следен противник на Надал ќе биде Аргентинецот Диего Шварцман. Вкупниот награден фонд на турнирот во Париз изнесува 38 милиони евра.

Трамп ја откажа конгресната расправа за новиот пакет помош


Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа веќе започнатата конгресна расправа со демократите во врска со новиот пакет економска помош во време на пандемија на Ковид-19. Тој соопшти дека расправата ќе продолжи по ноемвриските претседателски избори. – Им наложив на моите застапници во Претставничкиот дом да ги откажат преговорите до завршувањето на претседателските избори. Веднаш откако […]