Надал се пласираше во полуфиналето Ролан Гарос

Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Тој доцна синоќа четвртфиналето, во три сета го победи италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Резултатот по сетови: 7:6 (7: 4), 6:4, 6:1.

Следен противник на Надал ќе биде Аргентинецот Диего Шварцман.

Вкупниот награден фонд на турнирот во Париз изнесува 38 милиони евра.