Aргентинците стравуваат дека проблемите на Меси ќе влијаат и на репрезентацијата


Аргентина стравува дека скандалите околу Лионел Меси во последните неколку недели ќе имаат негативно влијание врз неговиот настап за националниот тим. Тој влезе во отворена војна со раководството на Барселона, но не успеа да излезе од клубот и ќе остане таму барем за следната сезона. – Поради неговите проблеми во Барселона, Лео нема да биде […]

Брус Спрингстин со нов албум (видео)


Американската поп-рок легенда Брус Спрингстин за оваа есен најави нов албум, под наслов „Letter to you”. Официјалниот датум е 23 октомври. По тој повод е објавен и видеоспот за насловната песна. Албумот „Letter to you” (Писмо до тебе) ќе биде објавен непосредно пред овогодишните претседателски избори во САД, каде што постојниот претседател и кандидат на […]

Продолжува анти-корупциската политика и следење на нејзината ефективност


Министерството за правда, во рамки на Работната група за преглед и ажурирање на методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на анти-корупциската политика, е задолжена да продолжи да презема активности за редовно користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за следење на предметите за случаите на корупција кои претставуваат значаен сегмент во […]

Ќе се пролонгира рокот за добивање потврда од специјалист за хронично болните лица


Од Министерството за здравство соопштија дека, хронично болните лица до 23-ти септември треба да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа, но, како што истакнаа, доколку не стигнат да ги обезбедат потврдите, рокот ќе биде пролонгиран. Од Министерството истакнаа дека, за […]

Азиските земји се подготвуваат за агресивна вакцинација против грип


Нешто порано од вообичаеното, некои азиски земји подготвуваат агресивни кампањи за вакцинација против грип, стравувајќи дека избувнувањето на епидемијата на грип истовремено со новиот бран од Ковид-19 во текот на есента и зимата може да ги преоптовари нивните здравствени системи. Во Јапонија, здравствените власти подготвуваат 31,2 милиони вакцини против грип, што е за седум проценти […]

Верификуван мандатот на пратеничката Рамбабова која доаѓа на местото на Шахпаска


Собранието во попладневниот дел од денешната седница и го верификуваше мандатот на пратеничката Емилија Рамбабова од коалицијата, која доаѓа на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Во салата беа присустни 63 пратеници, а за верификација на мандатот гласаа 61 пратеник. Пратеникот Панчо Минов образложи дека заради застапување на рамноправноста во Собранието […]

И родителите на деца до шест години се враќаат на работа


Родителите чии деца се до шестгодишна возраст, почнувајќи од 23 септември, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, имајќи предвид дека детските градинки отпочнаа со активности за згрижување и воспитание на деца од -ти овој месец, односно престанува користењето на мерката на Владата по овој основ. Ова е […]

Хронично болните и лицата на продолжено породилно, од 23 септември се враќаат на работа


Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести, од среда, 23 септември 2020 година, треба да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, одлучи Владата на денешната седница. Како што соопшти владината прес-служба, исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај […]

Владата даде зелено светло за кредитот од Светска банка од 90 милиони евра


На предлог на Министерството за финансии, Владата го разгледа и прифати Предлог-законот за заем во износ од 90 милиони евра од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка наменет за финансирање на Проектот за итно справување и спречување на последиците од КОВИД-19 во Северна Македонија. Во соопштението до денешната владина седница се нагласува […]

Македонски филмови за отворањето и затворањето на 19. Cinedays


Повеќе од 40 филмови во седум дена ќе донесе 19. издание на Фестивалот на Европски филм „Cinedays“, што годинава ќе се одвива во нов термин од 18 до 24 септември, наместо во редовниот термин во месец ноември. Директорото на МКЦ, кој е организатор на фестивалот, Русе Арсов објаснува дека поместувањето на фестивалот од неговиот стандарден […]

Само 29 новозаболени во Србија


  Во Србија денеска се регистрирани 29 нови случаи од тестирани 5.930 примероци. Вкупно кај нашиот северен сосед досега се регистрирани 32.437 позитивни случаи на Ковид-19. Денеска нема смртни случаи. Досега вкупно се тестирани 1.033.988 лица, кои ги исполнувале критериумите. На репсиратори се 28 пациенти, а бројот на починати останува 733.

Навални исклучен од респиратор, може да стане од кревет


Рускиот опозиционер Алексеј Навални е исклучен од респираторот, неговата состојба продолжува да се подобрува. Ова се наведува во пораката на берлинската клиника „Шарите“. „Шарите“ рече дека Навални може да стане од својот болнички кревет, но на кусо време. Алексеј Навални се разболе во авионот од Томск за Москва на 20 август. Тој беше хоспитализиран, два […]

МЖСПП: Преточен винилхлорид мономерот од „Охис“ – подготвен е за транспорт


Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека е завршено безбедно преточување во нова цистерна на винилхлорид мономерот кој што се наоѓа во кругот на поранешниот индустриски комплекс „ОХИС“. Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно информациите добиени од компанијата „Екоцентар 97“ ДООЕЛ, Скопје,и извршените вонредни инспекциски надзори на Државниот инспекторат за животна […]

На протестите во Белорусија уапсени 774 демонстранти


Во Белорусија во текот на вчерашниот ден се одржаа речиси 30 протестни активности, а вкупниот број демонстранти не надминуваше 22.000, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Олга Чемоданова во изјава за белорускиот Телеграм. Според неа, 774 лица биле приведени поради прекршување на законот за јавни настани, а само во главниот град Минск се уапсени […]

Папата под надзор поради корона вирусот


  Папата Франциско се наоѓа под константен надзор поради сомнеж од зараза со корона вирус, откако се сретнал со кардинал за кој подоцна е утврдено дека е позитивен на Ковид-19. Филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле (63) одржал приватен состанок со папата Франциско на 29 август. По враќањето во Манила на 10 септември, филипинскиот кардинал е […]

„Пријателот се дознава во неволја“: Што заклучија во разговорите Путин и Лукашенко


  Разговорите меѓу Владимир Путин и Александар Лукашенко во Сочи завршија, состанокот беше пренесуван на НТВ. Во основа, претседателите разговараа за соработка за економски прашања и во рамките на меѓународните договори, но исто така се осврнаа и на политичката состојба во Белорусија. Путин истакна дека ја смета Белорусија за најблизок сојузник, а Русија останува посветена […]

По целосно реновирање почна со работа градинката „Расадник“ во Кисела Вода


Градинката „Расадник“ во Општина Кисела Вода, во која е извршена целосна обнова, денеска почна со работа. Во градинката, како што соопшти Општината, со поддршка и со средства од Владата во износ од 1,6 милиони денари, поставени се нови прозорци и надворешни врати, а со донација од 2,7 милиони денари од страна на Цементарница АД УСЈЕ […]

Дебата: Има културни настани, но нема економска исплатливост


Културни настани имаше летово, но немаше економска исплатливост. Манифестациите се одржуваа со посебни протоколи и со помалку гости, а организаторите на настаните работеа со загуби. Токму затоа, неопходна е поддршка од Владата за компаниите кои организираат јавни собирања, настани, концерти, семинари, не бидат затворени. Ова беше генералниот заклучок од денешната дебата која ја рганизираше Асоцијација […]

Берлускони оздраве од корона вирусот


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ја напушти болницата откако се опорави од коронавирусот, велејќи дека го преживеал „најопасниот предизвик“ во животот. – Со задоволство си реков – повторно се извлече, им рече насмеаниот Берлускони на новинарите пред вратата на болницата „Сан Рафаел“во Милано, каде што беше примен на 3 септември откако му беше дијагностициран […]

Стано: Земјите кандидати да се усогласат за санкциите кон Белорусија


Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано, потврди дека земјите кандидати за членство ќе треба да се усогласат со позицијата на ЕУ за санкции против Белорусија, јави дописничката на МИА од Брисел. – Усогласувањето со надворешната политика на ЕУ е една од обврските на земјите кандидати и тие тоа го […]