Папата под надзор поради корона вирусот

 

Папата Франциско се наоѓа под константен надзор поради сомнеж од зараза со корона вирус, откако се сретнал со кардинал за кој подоцна е утврдено дека е позитивен на Ковид-19.

Филипинскиот кардинал Луис Антонио Тагле (63) одржал приватен состанок со папата Франциско на 29 август. По враќањето во Манила на 10 септември, филипинскиот кардинал е тестиран и е позитивен на корона вирус, пренесува Гардијан.

Државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин за АНСА вели дека здравствената состојба на папата е под постојан надзор и дека во моментот состојбата не е загрижувачка, но дека внимаваат на него.

Папата со своите посетители во Апостолската палата разговара без носење на заштитна маска. Минатата недела тој е виден како носи маска прв пат од почетокот на пандемијата.

Папата се воздржува од вообичаениот начин на поздравување и од бакнување бебиња, и користи дезинфекциско средство за раце.

Папата на корона вирус беше тестиран во март, кога се покажа дека надбискупот кој живее со него во иста резиденција заболе од Ковид-19.