Владата даде зелено светло за кредитот од Светска банка од 90 милиони евра


Фото: Б. Грданоски

На предлог на Министерството за финансии, Владата го разгледа и прифати Предлог-законот за заем во износ од 90 милиони евра од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка наменет за финансирање на Проектот за итно справување и спречување на последиците од КОВИД-19 во Северна Македонија.

Во соопштението до денешната владина седница се нагласува дека бенефитите ќе ги почувствува целокупното население земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции.

Ова задолжување требаше да се случи уште пред неколку месеци, за време на техничката влада, но поради одбивањето да стави потпис дополнителната заменик-министерка во Министерството за финансии, Гордана Димитриевска-Кочовска, дојде до негово пролонгирање. 

Светска банка беше меѓу првите што излезе во пресрет и во рекорден рок одговори на барањата на Македонија заради потребата за зајакнување на капацитетите во борба со КОВИД– 19.