Во Полска регистрирани рекордни 1.002 случаи на Ковид-19


Во Полска денеска се регистрирани 1.002 нови слуичаи на Ковид-19, што е најголема броја од почетокот на пандемијата, соопшти полското Министерство за здравство. Рекордно високиот дневен биланс е забележан откако властите ги заострија условите според кои лекарите ги испраќаат пациентите на тестирање. Критичарите на новите правила тврдат дека треба да се ограничи бројот на граѓани […]

Зошто Путин не ја доби играта во Белорусија?


Со поддршка на силниот човек Александар Лукашенко, рускиот претседател ризикува да го отуѓи белорускиот народ   Додека протестите продолжуваат да ја тресат Белорусија, притиснатиот Александар Лукашенко се сврте кон исток. Борејќи се за неговиот политички опстанок, белорускиот претседател се обидува да ги врами своите проблеми како дел од геополитичкиот конфликт меѓу Москва и Западот, апелирајќи […]

Дел до училиштата во Делчево бараат онлајн, дел настава со физичко присуство


Делчевските советници ги донесоа одлуките со кои од Владата се бара дозвола училиштата во Делчево да организираат онлајн и настава со физичко присуство. Согласно одлуката, како што е истакнато во образложението, дел од училиштата бараат настава со физичко присуство, а дел онлајн настава. -Одлуката се однесува за организирање настава со физичко присуство за учебната 2020/21 […]

Меркел: Пандемијата ја истакна потребата од дигитализирање на училиштата


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека пандемијата на коронавирусот ја истакна потребата за масовно надградување на технологијата во училиштата низ целата земја. Меркел во својот неделен видео подкаст рече дека наставниците се префрлиле на онлајн настава по затворањето на училиштата поради пандемијата. Тоа ја потенцираше важноста на дигиталните медиуми и другите средства, но исто така откри и големи инфраструктурни […]

Финансиска поддршка за технолошки развој за 87 компании, најголем дел се микро претпријатија


Вкупно 87 компании ќе добијат финансиска поддршка за технолошки развој за надминување на последиците од Ковид -19 како дел од третиот пакет мерки на Владата. Буџетот за реализација на оваа мерка е околу три милиони евра од кои 1,7 милиони евра се средства на Фондот за иновации и технолошки развој, а 1,3 милиони евра се […]

„Водовод и канализација“ – Скопје добитник на грант за реализација на проект финансиран од WBGC


Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, по потпишување на Меморандумот за соработка со Водовод Будимпешта, во февруари оваа година, пристапи кон реазлизација на проекти од заеднични интерес на двете претпријатија. Како што соопшти претпријатието, во таа насока, но и во насока на унапредување и подобрување на услугите за граѓаните, работните процеси како и системот […]

Регистрирани 114 нови случаи со корона во Словенија


  Во СЛовенија во последните 24 часа регистриани се 114 нови случаи со корона вирус, а тестирани се 3.070 луѓе. Повеќето новозаразени се на возраст од 35 и 44 години, а вирусот е потврден и кај едно дете помало до четири години. Почина едно лице, а од почетокот на епидемијата 141, соопшти Владата, пренесе СТА.

Хрватска пријави 212 нови случаи со корона вирус


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 212 случаи со Ковид-19, а бројот на активни случаи изнесува 2.128. Во болница се лекуваат 288 пациенти, од кои 24 на респиратор. Нема починати. Од првиот случај на зараза во февруари, досега забележани се 14.725 заразени, а починаа 244, оздравеа 12.353 пациенти, од кои 188 […]

Вечерва започнува 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити


Во дворот на Кинотека на Северна Македонија, вечерва ќе започне 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити со филмот за бендот Њу Ордер, „Декади“. Оваа година Њу Ордер се артисти во фокус на Фестивалот и овој филм е еден вид посвета за бендот. Организаторите посочија дека секое издание на Скопје Синема Сити го отвора […]

Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа, смета вицепремиерот за економски прашања


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска истакна дека како Влада градат концепт на едно општество за сите и оти е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа. Битиќи денеска на прес-конференцијата со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, на која беа презентирани резултатите и компаниите кои добија поддршка на Јавниот повик за […]

Босна и Херцеговина со повеќе од 300 новозаразени


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 321 случај на зараза со корона вирус, а починаа шест пациенти. Во Федерајцијата анализирани се 1.241 примерок, од кои 238 биле позитивни. Досега тестирани се 144.348 примероци, а вирусот е потврден кај 16.222 лица. Активни се 4.164. Денеска во Федерацијата има еден починат од […]

Речиси 200 новозаразени во Бугарија


  Во Бугарија во последните 24 часа регистрирани се 189 нови случаи со корона вирус, а четири пациенти починаа. Вкупниот број достигна 18.733, а досега починаа 753 лица, соопшти Министерството за здравство. Во болница се 728 пациенти, од кои 34 на интензивна нега.

Османи: Разликите со Бугарија ќе ги надминеме со интензивна комуникација


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска нагласи дека е убеден оти стратешки интерес на Република Бугарија е Северна Македонија да биде дел од Европската Унија и верува дека сите разлики ќе ги вратат во рамката преку интензивна комуникација и преку продолжување на работата на комисијата. – Убеден сум дека пристапот е интензивирање на комуникацијата. […]

Груби: Субвенциите за малцинските заедници во моментов е само дебата


Субвенциите за малцинските заедници во моментов е само дебата која е отворена. Субвенциониравме вработувања во странските инвестиции во сите слободни економски зони кај што ги имавме и немаше вакви реакции. Жалам што се уште има реакции околу потребата за почитување на Уставот во државата, одговори денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи […]

Комисијата за здравство ќе ја разгледува можноста за целодневна настава во училиштата


Комисијата за здравство викендов ќе ја разгледува можноста за целодневна настава во училиштата. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека е направена анализа за бројката на деца коишто би требало да останат во училиште и после завршувањето на часовите во смена. -Ќе се донесе позитивна одлука исто како што се носи одлука и за исклучоците […]

Крунисани две македонски претставнички на Mис Евроазија 2020


Вчеравечер во хотелот Хилтон во Истанбул,Турција се одржа изборот Мис Евроазија 2020. Македонија имаше две претставнички, Кристина Поптрпева и Елена Петреска кои успешно ја претставија нашата земја и се вратија со круни и дури три титули. Нашата претставничка Кристина Поптрпева освои две титули: Мис Талент, како најталентирана меѓу девојките претставувајќи го својот талент за пеење […]

Рампата повторно се спушти, еко активистите не дозволуваат носење отпад на депонијата Русино


Незадоволни од последните изјави на официјалните лица и текот на решавањето на барањата за затворање на регионалната депонија Русино, од утрово еко активистите го блокираа носењето на отпад за сите комунални претпријатија. Од иницијативата „Стоп Русино-Чист воздух за Гостивар“ најавуваат протести и порадикални мерки. По речиси педесет дневна блокада на локалниот пат што води од […]

Битиќи: Не доцниме со четвртиот сет мерки, досегашните дадоа ефекти


Не доцниме со четвртиот пакет мерки, процесот на креирање на мерките како што го имаме воведено, да оди целосно инклузивен и со вклучување на сите чинители бара време, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи денес на прес конференција. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека за секоја мерка има различни показатели. „Зборуваме со синдикатите, со коморите, со […]

Конечно гасифицирана болницата „Мајка Тереза“ во Чаир


Заврешна е гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, што беше обележена како еден од најголемите загадувачи во Скопје, бидејќи досега се грееше на мазут. За гасифицирањето на болницата се инвестирани 17 милиони денари. Министерот за здравство Ванко Филипче, кој денеска заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички […]

 Изградени се 75 проценти од примарната гасификација во западот од државава, а 90-95 отсто во југот


Секундарната и терциерната мрежа за гасификација на државата ќе продолжи по решавањето на проблемот со ГАМА, информираше денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини при посетата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата. -Ова е само почеток, ова е […]