Речиси 200 новозаразени во Бугарија


 

Во Бугарија во последните 24 часа регистрирани се 189 нови случаи со корона вирус, а четири пациенти починаа.

Вкупниот број достигна 18.733, а досега починаа 753 лица, соопшти Министерството за здравство.

Во болница се 728 пациенти, од кои 34 на интензивна нега.