Босна и Херцеговина со повеќе од 300 новозаразени


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 321 случај на зараза со корона вирус, а починаа шест пациенти.

Во Федерајцијата анализирани се 1.241 примерок, од кои 238 биле позитивни.

Досега тестирани се 144.348 примероци, а вирусот е потврден кај 16.222 лица.

Активни се 4.164. Денеска во Федерацијата има еден починат од корона вирус, а од почетокот на епидемијата 448.

Во Брчко регистриран е еден нов случај наз араза.

Во Република Српска потврдени се 82 нови случаи со корона вирус, а анализирани се 609 примероци. Починаа пет пациенти.

Досега во РС потврдени се 8.691 случаи на Ковид-19, а починаа 290.