Хрватска пријави 212 нови случаи со корона вирус


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 212 случаи со Ковид-19, а бројот на активни случаи изнесува 2.128.

Во болница се лекуваат 288 пациенти, од кои 24 на респиратор.

Нема починати.

Од првиот случај на зараза во февруари, досега забележани се 14.725 заразени, а починаа 244, оздравеа 12.353 пациенти, од кои 188 во последното деноноќие.

Во самоизлоација се 9.714 лица.

До денеска вкупно се тестирани 254.480 лица, од кои 5.457 во последните 24 часа.