Меси добива астрономска понуда – 600 милиони евра за пет години


  Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси ќе добие неверојатна понуда за да замине од Барселона. Каталонски „Спорт“ јавува дека Манчестер сити се подготвува на Меси да му плати 600.000.000 евра за пет години. Планот на „граѓаните“ е Аргентинецот за три години на „Етихад“ да заработи околу 350 милиони евра, а остатокот играјќи две сезони …

Меси добива астрономска понуда – 600 милиони евра за пет години Read More »

Во Србија почнува новата учебна година, учениците со маска, просветните работници сметаат дека одлуката е избрзана


Србија– За учениците во основните и средните училишта во Србија, денеска почнува нова учебна година, која се организира под посебни услови поради епидемиолошката состојба, со помалку ученици во училница и почитување на препорачаните мерки за борба против ширењето на Ковид-19. Како што претходно изјави министерот за образование, Младен Шарчевиќ, поради спроведување на мерките во училиштата …

Во Србија почнува новата учебна година, учениците со маска, просветните работници сметаат дека одлуката е избрзана Read More »

Париски „Ла Кроа“: Зоран Заев ја врати Северна Македонија во европското јато


Франција – Францускиот дневен весник „Ла Кроа“ во денешното издание се осврнува на изборот на новата влада на Република Северна Македонија, преставувајќи го портретот на премиерот Зоран Заев, кој ќе ја предводи коалициската влада, јави дописникот на Франција. – Зоран Заев не е трибу што пали толпи. Но, шефот на владата на Северна Македонија, повторно назначен од парламентот …

Париски „Ла Кроа“: Зоран Заев ја врати Северна Македонија во европското јато Read More »

Од денес онлајн продажба на карти за Саемот на книга во Скопје


Саемот за книга 2020 ќе се одржи од 8. до 14. септември на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти. Преземени се сите безбедносни мерки за заштита на јавното здравје, поради кои Саемот на книга за прв пат се одржува на отворен простор. Со Саемот на книга на отворено, започнува и првиот …

Од денес онлајн продажба на карти за Саемот на книга во Скопје Read More »

Мило Ѓукановиќ има две опции- егзил или раздор


Ѓукановиќ мисли дека е решение, иако одамна е главен проблем на Црна Гора. Неговата партија повеќе нема да може да формира мнозинство, но тоа е само прв чекор во освојувањето на слободата, смета Драгослав Дедовиќ Високата излезност на парламентарните избори во Црна Гора аналитичарите најпрво ја гледаа како нешто што и оди во прилог на опозицијата. И …

Мило Ѓукановиќ има две опции- егзил или раздор Read More »

Трпејца како инспирација: Уметничка колонија од 2 до 5 септември


Организаторот, здружението  „За Трпејца со љубов“ најавува  дружба на неколку уметници од Охрид и Скопје. – Идејата ни беше како и минатата година и оваа во Трпејца да организираме Меѓународен уметнички камп, но Ковид -19 ни ги смена плановите, сепак не успеа да ја одложи колонијата, таа ќе го задржи континуитетот, вели уметникот  Ѓоко Симјаноски, …

Трпејца како инспирација: Уметничка колонија од 2 до 5 септември Read More »

Невреме во Хрватска – громови предизвикаа четири пожари


Во делови на Хрватска вчера дојде до промена на времето со дожд и пониски температури во Загреб, а Далмација ја зафати силно невреме и обилен дожд. Најлошо беше во Шибеник, каде, како што објави локалниот портал Шибеник, дождот предизвика поплави низ целиот град. Најмногу дожд падна во областа Шибеник, на некои места и повеќе од …

Невреме во Хрватска – громови предизвикаа четири пожари Read More »

Втор ден мал број заболени од Ковид-19 и повеќе оздравени од новозаразени


Големо намалување на бројот на новозаразени со Ковид-19 е регистрирано вчера кога по подолго време имаше само 11 нови случаи од направени 450 тестирања. Иако бројот на тестирања е помал, може да се забележи дека е релативно низок процентот на позитивни лица од тестирањето, односно оти тој е помал од три отсто. Помал број заболени …

Втор ден мал број заболени од Ковид-19 и повеќе оздравени од новозаразени Read More »

Се смирува епидемискиот бран во Австралија


Во втората по големина австралиска држава, Викторија, која во изминатиот период имаше најголема стапка на заразени со Ковид-19, во последните 24 часа се регистрирани пет смртни случаи, што е најмал број на починати случаи во последните две недели. Властите соопштија дека уште 70 лица се позитивни на корона вирусот, така што вкупниот број на потврдени …

Се смирува епидемискиот бран во Австралија Read More »

Оклахома се избори за мајсторка со Хјустон, Мајами поведе против Милвоки


Во НБА плејофот, ноќта понеделник кон вторник на распоредот беа две средби на кои победи забележаа Оклахома и Мајами. Тимот на Оклахома ги задржи шансите за пласман во второто по победата над Хјустон со 104:100. Сега резултатот е изедначен на 3-3, па „мајсторката“ ќе го одлучи патникот во конференциското полуфинале во Западната конференција. Победникот таму …

Оклахома се избори за мајсторка со Хјустон, Мајами поведе против Милвоки Read More »

Израел и Хамас постигнаа договор за крај на конфликтот во Газа


Палестинските милитантни групи и израелските власти се согласија да стават крај на повеќенеделната ескалација на конфликтот на границата меѓу Израел и Појасот Газа, соопшти исламистичката група Хамас. Според договорот постигнат со помош на катарски претставник, групата Хамас, која владее во Појасот Газа, ќе престане да испраќа запаливи балони на територијата на Израел, додека израелските власти …

Израел и Хамас постигнаа договор за крај на конфликтот во Газа Read More »

Владата нема министер за привлекување на инвестиции, критикува ВМРО-ДПМНЕ


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја критикува новата Влада затоа што е без министер за странски инвестиции, како и дека од земјава се одлеваат странски инвестиции. „Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во Македонија бележат одлив од 9,3 милиони евра. Ова е доказ дека владата не носи инвестиции, туку и ги брка постојните“, …

Владата нема министер за привлекување на инвестиции, критикува ВМРО-ДПМНЕ Read More »

СЗО: Премногу брзо укинување на вонредните мерки е рецепт за катастрофа


Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека пребрзото укинување на вонредните, превентивни, антиепидемиски мерки е – „рецепт за катастрофа“. Шефот на СЗО истакна дека земјите кои сериозно се однесуваат кон отворањето на економијата и општеството мора да имаат сериозен однос кон спречување на ширење на коронавирусот и оцени дека тоа …

СЗО: Премногу брзо укинување на вонредните мерки е рецепт за катастрофа Read More »

Црна Гора: Неколку повредени во конфликт меѓу приврзаници на ДПС и опозицијата


Неколку лица синоќа се повредени во подрачјето на градот Подгорица, во судир меѓу приврзаници на ДПС и опозициските коалиции. Полицијата спречила потежок инцидент која ги разделила двете групи, јави подгоричкиот весник „Вијести“. Наводно, приврзаници на ДПС славеле во кафулето „Штрафта“ кога дошла група симпатизери на опозицијата и ги нападнала, информира „Вијести“, повикувајќи се на неофицијални …

Црна Гора: Неколку повредени во конфликт меѓу приврзаници на ДПС и опозицијата Read More »

Кипар продава пасоши на „политички изложени лица“


Десетици високи политичари и нивните семејства купиле таканаречени „златни пасоши“ од Кипар од крајот на 2017  до крајот на 2019 година, дознава истражувачки тим на„Ал Џезира “, кој имал пристап до  доверливи документи на кипарската Влада. Меѓу оние кои купиле пасоши, од кои секој чини по најмалку 2,5 милиони долари, избрани се политичари од неколку …

Кипар продава пасоши на „политички изложени лица“ Read More »

Чиле го стресе земјотрес од 6,7 степени, Камчатка од 5,2 степени


Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени денеска потресе области на северот на Чиле, објави германскиот центар за геолошки истражувања. Во првите моменти, земјотресот бил со јачина од 7 степени, а се проценува дека епицентарот бил на длабочина од 10 километри. Земјотрес со јачина од 5,2 степени утрово ја погоди Камчатка, објавено е на интернет …

Чиле го стресе земјотрес од 6,7 степени, Камчатка од 5,2 степени Read More »

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата, на Ќафасан се чека 30 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, соопшти АМСМ. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на …

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата, на Ќафасан се чека 30 минути Read More »

Грција ја продолжи забраната за влез од Македонија до 15 септември


Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, како и привремените ограничувања на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, од денеска се продолжени за уште две седмици, односно до 15 септември 2020 година, согласно двете министерски одлуки објавени во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Новото продолжување …

Грција ја продолжи забраната за влез од Македонија до 15 септември Read More »

На Криволак вежбовни активности на Вооружените сили на САД од составот на КФОР


Од денеска до 15 септември на Армискиот полигон Криволак ќе се одржуваат вежбовни активности на припадниците на Вооружените сили (ВС) на САД од составот на мисијата КФОР. Тие, по систем на ротација заедно со припадници од составот на Армијата на Република Северна Македонија и вклучување на припадници од полските вооружени сили од составот на КФОР …

На Криволак вежбовни активности на Вооружените сили на САД од составот на КФОР Read More »

Во Буџетот префрлени 30 милиони денари од Агенцијата за управување со одземен имот


Агенцијата за управување со одземен имот од остварени продажби и наплата на имотна корист во државниот буџет префрли 30 милиони денари. -Агенцијата за управување со одземен имот со сите расположливи капацитети во текот на годинава до август, активно спроведе продажби од кои е оставарен приход во износ од 16 милиони денари, а вкупно 14 милиони …

Во Буџетот префрлени 30 милиони денари од Агенцијата за управување со одземен имот Read More »