Невреме во Хрватска – громови предизвикаа четири пожари


Во делови на Хрватска вчера дојде до промена на времето со дожд и пониски температури во Загреб, а Далмација ја зафати силно невреме и обилен дожд.

Најлошо беше во Шибеник, каде, како што објави локалниот портал Шибеник, дождот предизвика поплави низ целиот град.

Најмногу дожд падна во областа Шибеник, на некои места и повеќе од 50 литри на метар квадратен.

Од удар на гром пожарникарите интервенирале на четири места каде започнал пожар. Изгоре 5.000 метри квадратни борова шума на островот Хвар.

Невремето во текот на вечерта продолжило да се движи кон областа Макарска, а во областа Живогошче, падна град со големина на топче за голф, пренесува Далмација Данас.

Ветерот носел ќерамиди од покриви, а на Хвар, гром предизвика пожар во шумата кај Брусје.

Невреме го погоди и подрачјето на Трогир, каде гром удри во ѕид на спортската сала, пренесува Индекс.хр.