Оклахома се избори за мајсторка со Хјустон, Мајами поведе против Милвоки


Во НБА плејофот, ноќта понеделник кон вторник на распоредот беа две средби на кои победи забележаа Оклахома и Мајами.

Тимот на Оклахома ги задржи шансите за пласман во второто по победата над Хјустон со 104:100. Сега резултатот е изедначен на 3-3, па „мајсторката“ ќе го одлучи патникот во конференциското полуфинале во Западната конференција.

Победникот таму ќе се сретне со Лос Анџелес лејкерс.

На Исток, веќе се во тек натпреварите од полуфиналето. Бостон води против Торонто со 1-0, а ист е резултатот и на пресметката меѓу Мајами и Милвоки. „Жешките“ ноќеска го совладаа Милвоки со 115:104.

Вечер играат:
Торонто – Бостон (втор натпревар 2. коло) и
Денвер – Јута (мајсторка 1. коло).