Чиле го стресе земјотрес од 6,7 степени, Камчатка од 5,2 степени

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени денеска потресе области на северот на Чиле, објави германскиот центар за геолошки истражувања.

Во првите моменти, земјотресот бил со јачина од 7 степени, а се проценува дека епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотрес со јачина од 5,2 степени утрово ја погоди Камчатка, објавено е на интернет страницата на Европскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.