Грчките медиуми за изборите кај нас


„Северна Македонија: Владејачката партија на Заев победник на парламентарните избори“; „Избори трилер во Скопје“; „Северна Македонија: Зоран Заев победник на парламентарните избори“; „Избори во Скопје: Зоран Заев победник со мала разлика“; „Мала предност за партијата на Заев“; „Изборен трилер со мало водство на Заев“, се дел од насловите во грчките медиуми, во текстовите објавени во […]

СЗО: Бројот на жртвите од Ковид-19 во Латинска Америка надмина 150.000


Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека бројот на жртви од Ковид-19 во Латинска Америка надмина 150.000 и дека пикот на епидемијата во овој дел од светот се очекува следниот месец, јави Би-Би-Си. Бразил е најтешко погодена земја од заразата со речиси два милиона инфицирани и 75.000 смртни случаи, и е на второ место во светот, […]

Неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите


Државната изборна комисија регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места. Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533. Гласале 927 640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1 814 263 во Избирачкиот список. -Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, без значителен број нерегуларности, оценија […]

„Дејли експрес“ : Принцот Хари и Меган размислуваат за второ дете


САД– Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, размислуваат за второ дете. Тоа го тврди извор близок до британското кралско семејство, објави „Дејли експрес“. „Тие сигурно сакаат уште едно дете. Меган рече дека ќе има две деца”, сведочи неименуваниот пријател. И пријателот на покојната принцеза Дајана, Пол Барл го потврди тоа во една прилика. На […]

Болсонаро позитивен и на повтореното тестирање на коронавирус


Бразил – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро повторно е позитивен на тестот за коронавирусот, пренесе Си-Ен-Ен Бразил. Болсонаро, познат по тоа што ја негира моќта на вирусот Ковид-19  и неколку пати го нарекуваше обичен грип, на 7 јули објави дека е позитивен за коронаворусот. Си-Ен-Ен Бразил наведува дека Болсонаро за нивната мрежа изјавил дека неговиот тест на […]

„Дојче Бан“ нарача 30 ултра брзи возови од „Сименс“


Германија– Германскиот национален железнички оператор „Дојче Бан“ нарача 30 нови ултра брзи возови од „Сименс“ во вредност од милијарда евра. Новите „ICE“ возови ќе бидат пуштени во употреба од 2022 година, прво на релацијата меѓу западниот дел на земјата, провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, на север, и Минхен, на југ. Компанијата соопшти дека во наредните години за […]

Мафијата „Ндрангета“ заработува милиони од италијанскиот здравствен систем


Написот на Фајненшл тајмс за тоа како една од најбруталните криминални организации, италијанската мафија „Ндрангета“, го искористи здравствениот систем во Калабрија и некои од угледните европски институции за да заработи милиони, деновиве ја потресе Италија. Економскиот весник ја следеше трагата на валканите пари од болниците во сиромашните делови на јужна Италија до деловните метрополи во […]

Во авионска несреќа во Турција загинаа седум припадници на безбедносните сили


Турција– Седум припадници на турските безбедносни сили вчера загинаа откако се урна авионот со кој патувале во источниот дел на Турција. „Разузнавачкиот авион“ се урна во турската провинција Ван, која се наоѓа на источната граница на Турција со Иран. Властите ги истражуваат причините за несреќата. Двајца пилоти загинаа во 2018 година кога воен авион се […]

Трамп го смени шефот на својата предизборна кампања


САД-Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го смени шефот на својата предизборна кампања,Бред Паскал, назначувајќи го Вилијам Степин на неговото место, соопшти самиот синоќа на Твитер. „Со задоволство објавувам дека Вилијам Степин е унапреден во менаџер на кампањата на Трамп. Бред Паскал, кој веќе некое време е со мене и ја води нашата одлична стратегија […]

ДИК: СДСМ 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-А 12, Левица два, ДПА еден


Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 […]

Оскаровецот Мајкл Хазанавициус-претседател на жирито на Сараево филм фестивал


БиХ- Францускиот режисер и сценарист Мајкл Хазанавициус (претседател на жирито), уметничкиот директор на Мегународниот филмски фестивал во Берлин, Карло Катриан, хрватската актерка Јадранка Џокиќ, српскиот режисер Срѓан Голубовиќ и раководителката на костумите Industry и на едукација на Морелиа филм фестивал Андреа Ставенхаген се членови на жирито на натпреварувачкиот програм на 26. Сараево филм фестивал. Тие […]

„Хјундаи“ повлекува над 272.000 возила од САД


Јужна Кореја– Јужнокорејската автомобилска компанија „Хјундаи“ повлекува над 272.000 возила од САД поради проблеми со електричниот приклучок на инструмент таблата, кој може да прегрее и да предизвика пожар. Компанијата соопшти дека работи на отстранување на недостаткот и оти сопствениците писмено ќе бидат известени за повлекувањее на возилата. „Хјундаи“ ќе ги повлече автомобилите „Елантра“ и „Сната […]

ОН: Коронавирусот ги загрозува програмите за вакцинација на децата


САД– Обединетите нации предупредија на алармантен пад на вакцинациите на децата поради пандемијата на коронавирус, најавувајќи дека веројатноста едно сега родено дете да прими вакцина пред својата петгодишна возраст е помала од 20 проценти. Според истражувањето спроведено од Организацијата на ОН за заштита на децата – УНИЦЕФ, Светската здравствена организација (СЗО) и ГАВИ, повеќе од […]

Околу 25.000 работни места во „Американ ерлајнс“ загрозени поради пандемијата со Ковид-19


САД– Една од најголемите авиокомпании во светот „Американ ерлајнс“ најверојатно ќе испрати една-петтина односно 25.000 вработени на принуден одмор до октомври поради намалениот број на патувања поради пандемијата со Ковид-19. – Порастот на бројот на новозаболени лица и делумното заторање на некои држави доведоа до пад на домашните патувања во САД, се наведува во писмото […]

Неколку стотици демонстранти во Москва побараа оставка од Путин, 103 лица се уапсени


Русија– Неколку стотици лица синоќа протестираа во центарот на Москва против уставните реформи кои на претседателот Владимир Путин му овозможуваат да остане на власт уште 16 години, а 103 лица беа уапсени по завршувањето на протестите. Британските медиуми, цитирајќи очевидци, наведуваат дека околу 500 демонстранти, од кои многумина носеа маски заради коронавирусот, ја побараа оставката […]

Минирање на патот Радовиш-Штип кај Пилав Тепе


Компанијата Страбаг АГ со своите подизведувачи  денеска од 12 до 15 часот ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, околу место викано Пилав Тепе, како дел од активностите за изградба на експресниот пат. Како што соопшти денеска Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На […]

Бразил со речиси два милиона заразени од Ковид-19


Бразил – Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 39.924 случаи на коронавирус , со што бројот на заразени во оваа земја се доближи до два милиона. Од почетокот на пандемијата досега во земјата се заразени точно 1.996.748 лица, пренесуваат британските медиуми. Во последните 24 часа умреле 1.233 лица, со што вкупниот број на […]

Европските држави го намалуваат ДДВ-то на туризмот, Турција најмногу


Хрватска– Единаесет европски држави одлучија  привремено да го намалат ДДВ-то на туристичките услуги со што сакаат барем привремено да му помогнат на туристичкиот сектор, што е меѓу најпогодените од пандемијата на коронавирусот,  пишува хрватскиот портал пари.хр. Според Европската асоцијација на хотели, ресторани и угостителски објекти (HOTREC), и Турција и Грција, меѓу другите, одлучиле да го […]

Ирска го одложи отворањето на баровите порад раст на бројот на новозаболени лица


Ирска– Република Ирска го одложи отворањето на баровите и ноќни клубоиви за три недели односно до 10 август, бидејќи постои загриженост  од пораст на бројот на инфицирани лица со Ковид-19 помеѓу младите, изјави ирскиот премиер Микел Мартин. Ирска на 20 јули требаше да влезе во четвртата, завршна фаза од рестриктивните мерки – отоворање на баровите […]

Конститутивна седница на Собранието најдоцна за 20 дена, треба да ја свика Џафери


Најдоцна 20 дена од одржувањето на изборите треба да се одржи конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, а седницата ја свикува претседателот на претходниот состав, во случајот Талат Џафери. Собранието ќе го сочинуваат 120 пратеници, кои ги претставуваат граѓаните и одлучуваат по свое уверување. Согласно Уставот, пратениците во Собранието се избираат за време […]