Болсонаро позитивен и на повтореното тестирање на коронавирус

Бразил – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро повторно е позитивен на тестот за коронавирусот, пренесе Си-Ен-Ен Бразил.

Болсонаро, познат по тоа што ја негира моќта на вирусот Ковид-19  и неколку пати го нарекуваше обичен грип, на 7 јули објави дека е позитивен за коронаворусот.

Си-Ен-Ен Бразил наведува дека Болсонаро за нивната мрежа изјавил дека неговиот тест на Ковид-19 е повторно позитивен и додал дека повторно ќе се тестира за неколку дена.

Откако се зарази неговата здравствена состојба е добра и тој ќе се врати на работа доколку тестирањето подоцна оваа недела покаже дека е  негативен на коронавирус, пренесуваат британските медиуми.

Бразил е на второто место во светот според бројот на заразени и умрени лица од ефектите на коронавирусот, со 1.939.167 инфицирани и 74.445 смртни случаи, покажувата податоците на Worldometers.