Во авионска несреќа во Турција загинаа седум припадници на безбедносните сили

Фото: Б. Грданоски

Турција– Седум припадници на турските безбедносни сили вчера загинаа откако се урна авионот со кој патувале во источниот дел на Турција.

„Разузнавачкиот авион“ се урна во турската провинција Ван, која се наоѓа на источната граница на Турција со Иран.

Властите ги истражуваат причините за несреќата.

Двајца пилоти загинаа во 2018 година кога воен авион се урна за време на обука во западната турска провинција Измир.