Оскаровецот Мајкл Хазанавициус-претседател на жирито на Сараево филм фестивал


БиХ- Францускиот режисер и сценарист Мајкл Хазанавициус (претседател на жирито), уметничкиот директор на Мегународниот филмски фестивал во Берлин, Карло Катриан, хрватската актерка Јадранка Џокиќ, српскиот режисер Срѓан Голубовиќ и раководителката на костумите Industry и на едукација на Морелиа филм фестивал Андреа Ставенхаген се членови на жирито на натпреварувачкиот програм на 26. Сараево филм фестивал.

Тие ќе одлучат за годинешните добитници на наградата Срцето на Сараево, а победниците ќе бидат прогласени на свечена церемонија на 20 август во Народниот театар.

Хазанавициус е режисер и сценарист на црно-белиот нем филм „Артистот“ кој освои пет Оскари во 2012 година  и тоа, во категориите: најдобар филм, најдобра главна машка улога, најдобар режисер, најдобра костимографија и најдобра оригинална музика. Истата година, филмот освоил и три награди „Златен глобус“ за најдобар глумец, најдобра музика и најдобар филм.

Филмскиот фестивал во Сараево формиран во 1995 година од група ентузијасти, денес прерасна во најголем фестивал на филмот од Виена до Истанбул, и е под покровителство на УНЕСКО. Директорот на СФФ, е Мирсад Пуриватра.

По традиција, на црвениот килим на фестивалот дефилираат светски и регионални ѕвезди.

Лани, мексиканскиот режисер, продуцент и сценарист Алехандро Инариту, познат по проникливите, универзални приказни за човековата состојба, полскиот наградуван режисер Павел Павликовски и француската актерка Изабел Ипер беа добитници на почесното „Срце на Сараево“, награда за исклучителен придонес на филмската уметност на Сараево филм фестивал.