Лајен: Ова е историски момент во Европа


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн, изјави дека со постигнатиот одговор за буџетскиот пакет на ЕУ од 1.824 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година е направен голем чекор кон закрепнување. – Европа сега има голема шанса да излезе посилна од кризата. Денеска направивме историски чекор со кој сите можеме […]

Ахмети за приштинска Т7: Насер Зибери треба да биде идниот премиер


Косово– Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, во интервју за косовската телевизијата Т7 синоќа изјави дека по парламентарните избори во Северна Македонија, на кои неговата партија освои 15 пратенички мандати, иден премиер на земјата треба да биде Албанец, односно кандидатот на ДУИ Насер Зибери, јави дописникот на МИА од Приштина. Гостувајќи преку видео–врска во […]

Археолошкиот музеј од денеска отворен за посетители


Археолошкиот музеј соопшти дека од денеска почнува да прима посетители кои задолжително ќе се придржуваат на препораките за заштита од КОВИД-19 и на протоколот за посета на музеј. – Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата, како и кај […]

Тече рокот за поднесување тужби до Управен суд


Тече рокот за поднесување тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори. ДИК треба да ги достави одлуките до политичките партии и потоа почнува да тече 24-часовниот рок за поднесување на тужби, по што Управниот суд има 60 часа за да одлучи. […]

Коронавирусот не стивнува, во Скопје 1.880 активни случаи, трицифрен е бројот во осум општини


Нови 96 случаи со Ковид-19 од 724 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево. Регистрирани се 61 оздравен пациент. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на […]

Сончево со мала облачност и температура до 35 степени


Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а дневната од 24 до 35 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и […]

(Видео) По 30 години откриена секта во Италија, „Докторот“ ловел млади девојки


  Благодарение на сведочењето на едно девојче, полицијата на италијанскиот град Новара открила постоење на психолошка секта која работела во цела Италија повеќе од 30 години. На чело на сектата, чии жртви биле претежно млади жени и девојчиња, стоел 77-годишен маж, кого го нарекувале „доктор“, а кој го третирале како божество. Членовите на сектата биле […]

Расте бројот на заразени во Шпанија, Барселона жариште


  Во Шпанија се забележани нови 4.581 случај од корона вирус од минатиот петок, а жариште е Каталонија, особено Барселона. исто така, бројот на случаи се зголемува и во соседниот Арагон, соопшти денеска министерството за здравство. Вкупниот број заразени изнесува 264.835, пренесе Си-ен-ен. Минатата недела забележани се девет смртни случаи, а вкупниот број починати изнесува […]

Реакција од СДСМ: Мицкоски е шпицен аутсајдер


Откако врвот на ВМРО-ДПМНЕ го овластил Христијан Мицкоски да трага по парламентарно мнозинство, од СДСМ реагира дека „Мицкоски е шпицен аутсајдер, кој после трет пораз на избори одбива да се помири дека граѓаните не ги поддржуваат неговите груевистички политики“. Според СДСМ, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се изгубени и во просторот и во времето. „Мицкоски губи […]

Дванаесет дена протести во Софија, демонстрантите упорно бараат оставки од владата на Борисов и обвинителот Гешев


Илјадници Бугари и денеска, 12 ден по ред, се собраа на антивладини протести, што се оддржуваат пред Националното собрание во Софија, а на кои се  бара оставка од бугарската Влада. Толпата извикуваше „Оставка“. На споменикот на Царот Ослободител беше кренат транспарент на кој пишуваше „Бојко, оди си“. Меѓу транспарентите што се носеа можеа да се […]

Универзитет „Џон Хопкинс“: Во САД веќе има над 140.000 умрени од Ковид-19


Според Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД веќе има над 140.000 лица умрени како последица на инфекција со коронавирусот. Од почетокот на пандемијата во САД се заразени 3.794.355 лица, пишува Си-Ен-Ен. Денеска се регистрирани нови 21.095 заразени, а 182 умрени, соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Парламентот одобри Египет да интервенира во Либија


Египетскиот парламент во понеделникот го одобри распоредувањето на вооружените сили во странство за борба против „криминалните милиции“ и „странските терористички групи“ на „западниот фронт“, откако претседателот Абдел-Фатах ал-Сиси рече дека Каиро може да интервенира во Либија. Парламентот соопшти рече дека војниците ќе ја бранат националната безбедност, без да дава дополнителни детали или директно да ја […]

По 21 ден на Инфективната клиника Милошоски пуштен на домашно лекување


По 21 ден лекување на Инфективната клиника од Ковид 19 , Антонио Милошоски е пуштен на домашно лекување. Тој на својот Фејсбук профил објави дека после 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид-19 е повторно дома. -Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се […]

Левица бара отповикување на признавањето на Косово, Јужна Кореја и Израел и итно отчленување од НАТО


Политичката партија која освои два мандата на предвремените парламентарни избори во својата програма од сферата на надворешната политика, освен јасните заложби за поништување на Преспанскиот договор и ревидирање на Договорот за добрососедство со Бугарија, нуди специфични решенија со кои би можел да се предизвика радикален пресврт во македонската надворешна политика, пишува „360 степени“. Една од […]

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ го овластил Мицкоски да трага по парламентарно мнозинство


Оценувајќи дека изборите се одржале во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласачите, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Христијан Мицкоски „да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство“. Според соопштението на партијата „Извршниот комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната […]

Менаџерот на Бејл: Му се допаѓа Мадрид, нема да оди никаде


Се чини дека за уште еден трансфер период Реал Мадрид нема да може да се ослободи од Герет Бејл. Самиот фудбалер очигледно нема желба да игра, но според неговиот менаџер не сака да го смени клубот. – Гарет е добро во Реал, а остануваат уште две години на неговиот договор. Тој го сака животот во […]

Дерковски: Приговорите од ниту еден подносител не беа целосни


Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вели дека Комисијата ги одбила или отфрлила сите приговори во однос на изборниот процес затоа што, како што посочи, ниту еден од нив не бил целосен и поткрепен со докази и записници. -Немаше воопшто докази за приговорите и во тоа беше проблемот, рече тој во гостувањето на Топ […]

Напаѓач маскиран како доставувач убил син на американска федерална судијка


Напаѓач маскиран како доставувач на Федекс, пукал и го убил 20-годишниот син на американската федерална судијка Естер Салас. Синот вчера ја отвори вратата за наводниот доставувач од нивниот семеен дом во Њу Џерси, а во нападот е ранет и сопругот на судијката. Инцидентот се случил во северен Бранзвик, каде што се наоѓа куќата на Салас, […]

Пленковиќ го соопшти составот на новата хрватска Влада


Актуелниот и иден премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска го објави составот на новиот кабинет, во кој ќе има 16 министри и четворица потпретседатели. Вицепремиери се Томо Медвед, Давор Божиновиќ, Здравко Мариќ и Борис Милошевиќ од СДСС, во име на малцинските партии. -Сите добија апсолутна поддршка, им кажа Пленковиќ на новинарите по состанокот на врвот […]

Kорона кризата ги одвраќа печалбарите да го посетат родниот крај


Кризата предизвикана од коронавирусот го намали бројот на печалбари кои вообичаено летниот период во минатото го користеа за посета на родниот крај. Во Пијанечко-малешевскиот регион ова се чувствува најмногу, а тоа го потврдуваат угостителите кои велат дека годинава нивниот бизнис егзистира исклучиво од домашни гости. -Периодот сме сите во една деликатна ситуација поради кризата. Сосем […]