Универзитет „Џон Хопкинс“: Во САД веќе има над 140.000 умрени од Ковид-19


Според Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД веќе има над 140.000 лица умрени како последица на инфекција со коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата во САД се заразени 3.794.355 лица, пишува Си-Ен-Ен.

Денеска се регистрирани нови 21.095 заразени, а 182 умрени, соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс“.