Малолетник прободен со нож во Чаир


Шеснаесетгодишно момче било прободено со нож синоќа околу 22:10 часот во парк во скопската населба Чаир. МВР соопшти дека малолетникот бил прободен по претходна расправија со две лица во близина на фонтаната во паркот. Поврденото момче по инцидентот било донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Спасовски: Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за ПЦР тестовите за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора


Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжително доставување ПЦР не постар од 72 часа за сите граѓани кои влегуваат во земјава од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора и врз основа на тоа ќе донесе одлука. -Денеска има таков предлог од Комсијата за заразни болести, ќе го разгледаме во …

Спасовски: Владата најитно ќе го разгледа предлогот на Комисијата за ПЦР тестовите за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора Read More »

Неделен извештај на ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати, а зголемен на оздравени


Во периодот од 29 јуни до 5 јули, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, се бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица во споредба со претходната недела на известување, соопшти Министерството за здравство. Во овој период направени се вкупно 8.422 тестирања, а регистрирани се 917 позитивни …

Неделен извештај на ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати, а зголемен на оздравени Read More »

Дигиталната кампања урива рекорди, но митинзите не се „мртви“


Од прегледот на видеата за митинзите на СДСМ се гледа дека нивните видео обраќања биле погледани од тие на ВМРО-ДПМНЕ, и додека одеа во живо, и подоцна како постови   Слободанка Јовановска Дигиталната кампања на СДСМ е поуспешна од таа на ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат  бројките што можат да се видат на социјалните медуми, кои наспроти скептицизмот …

Дигиталната кампања урива рекорди, но митинзите не се „мртви“ Read More »

(Видео): Момчиња седат на клупа, полицијата во Србија ги тепа со пендраци


Насилните протести кои се одржаа синоќа во Белград, Србија, траеја со часови, а јавноста е вознемирена од снимка на која се гледа како полицијаци тепаат три момчиња кои седат на клупа. Ова е само еден од видеозаписите од насилното однесување на полицијата. Снимката се прошири по социјалните мрежи и предизвика лавина коментари кои ја осудуваат …

(Видео): Момчиња седат на клупа, полицијата во Србија ги тепа со пендраци Read More »

Уставен одлучува: Ќе застарат ли случаите на СЈО?


Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на неколку уредби со законска сила и одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба. На дневен ред на 24-тата седница на Уставен суд се 16 точки, од кои прва е иницијативата …

Уставен одлучува: Ќе застарат ли случаите на СЈО? Read More »

Министерот за труд на Црна Гора е позитивен на корона вирусот


Црногорскиот министер за труд и социјална помош Кемал Пуришиќ е позитивен на коронавирусот, соопшти црногорската Влада. Од синоќешните резултати од тестот, како што се наведува, министерот и неговата сопруга се во самоизолација. – Националното координативно тело (НКТ) го поздравува неселективното почитување на епидемиолошките мерки и му посакува на семејството Пуришиќ брзо закрепнување и враќање на …

Министерот за труд на Црна Гора е позитивен на корона вирусот Read More »

Во синоќешните протести во Србија повредени 43 полицајци и 17 демонстранти


Директорот на полицијата Владимир Ребиќ вели дека во текот на синоќешните протести во Белград реагирале „крајно воздржано“ и дека околу 23 часот употребиле хемиски средства. Потврдил и дека се повредени најмалку 43 полицајци. Уапсени се 23 лица поради предизвикување на неред, а запалени се и пет полициски возила, а повредени се и три коњи. Владимир …

Во синоќешните протести во Србија повредени 43 полицајци и 17 демонстранти Read More »

Ремдесивир – од шкарт до лек за Ковид-19


Одобрувањето на првиот лек за лекување Ковид-19 е важен чекор во борбата против вирусот, ​​изјави комесарката за здравство Стела Киријакидес. Лекот во ЕУ е одобрен по итна постапка – за помалку од еден месец. САД уште на почетокот на мај одобрија ограничена употреба на ремдесивир во болниците. И во Германија лекот беше достапен во рамките …

Ремдесивир – од шкарт до лек за Ковид-19 Read More »

Новиот француски министер за полиција под истрага за силување


Францускиот претседател Емануел Макрон и новата Влада се принудени да ја бранат одлуката за назначување на Жералд Дарманин за министер за внатрешни работи против кого се води истрага за наводното силување, јави Би-Би-Си. Случајот беше отфрлен во февруари 2018 година, но овој јуни Апелациониот суд во Париз донесе одлука дека причините за откажување на на …

Новиот француски министер за полиција под истрага за силување Read More »

Италијанските власти може принудно да хоспитализираат заразени кои одбиваат лекување


Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза, рече дека проверува дали има надлежност да нареди принудно хоспитализирање заразени со новиот коронавирус на кои им треба третман, но одбиваат лекување. Една од причините за таквата мерка е појавата на нови епидемии во северниот регион Венето, предизвикана од 64-годишен маж од Виченца со Ковид-19. Тој развил симптоми еден …

Италијанските власти може принудно да хоспитализираат заразени кои одбиваат лекување Read More »

СЗО: Има докази дека корона вирусот се пренесува преку воздух


Светската здравствена организација призна дека постојат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздух, откако 239 меѓународни научници посочија на таква можност. -Признаваме дека на тоа поле се појавуваат докази. Можноста вирусот да се пренесува преку воздух на јавни места, особено во посебни услови, доколку се преполни, не може да се исклучи. Но, доказите мора да …

СЗО: Има докази дека корона вирусот се пренесува преку воздух Read More »

Влез во земјава само со ПСР тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора – препорача Комисијата за заразни болести


Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во Република Северна Македонија за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, соопшти Министерството за здравтво. Препораката на Комисијата …

Влез во земјава само со ПСР тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора – препорача Комисијата за заразни болести Read More »

СЗО потврди дека САД се повлекле од членството


Светската здравствена организација доби извештаи дека САД официјално го известиле генералниот секретар на ОН за повлекувањето од СЗО, но таа меѓународна организација наведува дека нема повеќе информации. „Добивме извештаи дека САД доставиле официјално известување до генералниот секретар на ОН за повлекување од СЗО на 6 јули 2021 година“, се вели во изјавата на портпарол на …

СЗО потврди дека САД се повлекле од членството Read More »

Ахмети нацрта црвени линии


Ќе има црвени линии за секој кој ќе посегне да го наруши или негира Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, изјави вечерва претседателот на ДУИ, Али Ахмети на средба со граѓаните на Струга. Во својот говор тој воедно порача дека има луѓе кои се скептични за идеите на ДУИ, …

Ахмети нацрта црвени линии Read More »

Брнабиќ: Не можеа да влезат во Собранието на избори, па сакаат на сила


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, по повод протестите и инцидентите пред Парламентот, остро го осуди „вандализмот на политичарите кои се одговорни за упадот во српскиот Парламент во време кога државниот и здравствен систем се соочуваат со вирусот Ковид-19“. – Бидејќи не можеа да влезат во Собранието на изборите, тие повторно го покажаа своето вистинско насилно …

Брнабиќ: Не можеа да влезат во Собранието на избори, па сакаат на сила Read More »

ДИК ќе вежба денес безбедно гласање


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“ ќе спроведе симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки. Во симулацијата, која се одржува во пресрет на предвремените парламентарни избори на 15 јули, ќе биде опфатен целиот избирачки процес во реални услови. -Почнувајќи од доаѓањето на …

ДИК ќе вежба денес безбедно гласање Read More »

Бачев ќе поништува се постигнато досега


– Поништување на договорите со Грција и со Бугарија, поништување на Законот за двојазичност, како и поништување на пописот од 2002 година и спроведување нов, се клучните работи што Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ ги нуди во изборната програма за претстојните предвремени парламентарни избори. Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, во интервју …

Бачев ќе поништува се постигнато досега Read More »

(Видео) Грубо насилство на протестите во Белград


Полицијата во Белград успеа да ги растера утрово демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека повторно може да биде воведен полициски час поради порастот на бројот на заразени од новиот коронавирус. Во интервенцијата полицијата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, во оклопни возила и голем …

(Видео) Грубо насилство на протестите во Белград Read More »

Кралска свадба во време на корона: Ќерката на кралицата Нур од Јордан се омажи за англиски новинар


Англија-Принцезата Раија од Јордан се омажи со британскиот новинар Нед Донован во Англија – и мајка ѝ, кралица Нур, родена Американка, беше таму за да слави. „Ви благодарам на сите ваши љубезни пораки zа нашата свадба!“, објави принцезата Раија на Твитер набргу потоа. „Додека првично беше планирано за април во Јордан, пандемијата ги нарушуваше овие …

Кралска свадба во време на корона: Ќерката на кралицата Нур од Јордан се омажи за англиски новинар Read More »