Министерот за труд на Црна Гора е позитивен на корона вирусот


Црногорскиот министер за труд и социјална помош Кемал Пуришиќ е позитивен на коронавирусот, соопшти црногорската Влада.

Од синоќешните резултати од тестот, како што се наведува, министерот и неговата сопруга се во самоизолација.

– Националното координативно тело (НКТ) го поздравува неселективното почитување на епидемиолошките мерки и му посакува на семејството Пуришиќ брзо закрепнување и враќање на редовните активности, соопшти Владата на својот профил на Твитер.