(Видео): Момчиња седат на клупа, полицијата во Србија ги тепа со пендраци


Насилните протести кои се одржаа синоќа во Белград, Србија, траеја со часови, а јавноста е вознемирена од снимка на која се гледа како полицијаци тепаат три момчиња кои седат на клупа. Ова е само еден од видеозаписите од насилното однесување на полицијата.

Снимката се прошири по социјалните мрежи и предизвика лавина коментари кои ја осудуваат полицијата за брутално насилство.

На снимката се гледа како полицајците се приближуваат до момчињата во еден белградски парк. Момчињата креваат раце, а полицијата почнува да ги тепа.

Покрај оваа објавени се повеќе снимки на полициска бруталност. Една од нив е снимката на која се гледа какко полицијата тепа луѓе кои лежат на земја.

Протестите во Србија почнаа откако претседателот Александар Вучиќ објави дека ќе воведе полициски час од петок до понеделник, поради влошување на ситуацијата со корона вирусот.