Во синоќешните протести во Србија повредени 43 полицајци и 17 демонстранти


Директорот на полицијата Владимир Ребиќ вели дека во текот на синоќешните протести во Белград реагирале „крајно воздржано“ и дека околу 23 часот употребиле хемиски средства. Потврдил и дека се повредени најмалку 43 полицајци.

Уапсени се 23 лица поради предизвикување на неред, а запалени се и пет полициски возила, а повредени се и три коњи.

Владимир Ребиќ вели дека билансот на синоќешните протести и немири во Белград е „исклучително сериозен“ што се однесува до полицијата.

„Имавме 43 повредени полицајци, веројатно бројот е значително поголем бидејќи тие со полесни повреди не се пријавиле. Имаме податоци за повредените 17 демонстранти“, рече Ребиќ.