Малолетник прободен со нож во Чаир

Шеснаесетгодишно момче било прободено со нож синоќа околу 22:10 часот во парк во скопската населба Чаир.

МВР соопшти дека малолетникот бил прободен по претходна расправија со две лица во близина на фонтаната во паркот.

Поврденото момче по инцидентот било донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.