Во Србија 91 новозаразени со коронавирусот


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 91 луѓе со позитивни резултати од тестот за коронавирус, а едно лице починало, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 261. Во последното деноноќие тестирани се 3.269 лица. Од почетокот на епидемијата, во Србија има вкупно 12.894 заразени, а во моментов се активни 589 […]

Чаир се ближи до 400 заболени, уште шест општини со над 100 заболени


Активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) •       Чаир – 384 •       Аеродром – 130 •       Бутел – 140 •       Гази Баба – 153 •       Центар – 133 •       Карпош – 114 •       Сарај – 130 •       Кисела […]

Стоилковски обвини дека над 5 милиони евра се извлечени незаконски од буџетот


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денес посочи на „можен тежок финансиски криминал“ во кој, според него, се вклучени Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии. Се работи за добро разработена шема на извлекување на пари по однос на поврат на данок на додадена вредност кои што се бројат во милионски суми. -Дали […]

Кланот Кенеди- крај на една династија и ера


САД (АП) – Внатрешниот круг на Камелот е скоро исчезнат – иако некои велат, неговиот дух е многу жив. Смртта на Џин Кенеди-Смит (92) во средата, последната преживеана од браќата и сестрите на убиениот претседател Џон Ф. Кенеди, која како американски амбасадор во Ирска во 1990-тите играше клучна улога во мировниот процес во Северна Ирска, […]

Петмина починаа, бројот на новозаразени падна на 101, но со помалку тестирани


Во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на Ковид-19. – Скопје 57 – Куманово 13 – Дебар 1 – Штип 3 – Тетово 19 – Струга 1 – Велес 1 – Битола 2 – Охрид 1 – Гостивар 1 – Ресен 2 Починати се 5 лица, еден од […]

Мицкоски до ДУИ: Преку глава ни е да сме граѓани од втор ред


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е на средби со граѓани во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање за условите што вчера ги упати ДУИ за премиер Албанец и за прифаќање на бугарските барања, рече дека ДУИ таквиот тип барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење на нивното членство. – Демократската унија […]

Најголемиот комерцијален патнички авион „Ербас А380“ заминува во историјата


Последниот конвој со делови на А380 на пат кон погонот за склопување во југозападна Франција го означува крајот на една ера во авијацијата   Последниот конвој со делови од најголемиот авион во светот се движеше кон фабриката за склопување во југозападна Франција доцна во средата, проследен со аплаузи од жителите и производителите, додека „Ербас“ во […]

Во Австрија 18 новозаразени, Виена без нови случаи на Ковид-19 но и помалку тестирања


Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 18 нови случаи на заразени со корона вирусот, а за првпат во последните неколку недели, во Виена нема нови случаи. Повеќето од новите случаи, седум, се регистрирани во Долна Австрија. Во текот на изминатите 24 часа, бројот на смртни случаи се зголеми за два на вкупно 690 […]

Отстранети рекламни објекти од пешачките патеки во Скопје


Град Скопје спроведе акција за отстранување на билборди и други рекламни објекти од пешачките патеки на неколку улици во градот. „Го ослободуваме јавниот простор за потребите на пешаците и на велосипедистите. Град Скопје ги отстрани ситилајтовите на улицата Св. Кирил и Методиј и овозможи непречено минување на овој дел од тротоарите“, соопштија од Градот. Градоначалникот […]

СДСМ: Чулев да истражи кој подметнал експлозив во објект на Мисајловски


Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека СДСМ и лично тој го осудуваат настанот и ги повикуваат надлежните институции до крај да го истражат настанот со фрлената експлозивна направа врз објект на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и носител на листа и да го најдат сторителот. -Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министерот […]

Во Хрватска расте бројот на заразени со корона вирусот во последните четири дена


Бројот на заразени со корона вирусот во Хрватска расте во последните четири дена, а денеска има 17 новозаразени. Хрватскиот портал Индекс.хр потсетува дека во четвртокот имало 11, во петокот 12, а вчера 18 нови случаи на коронавирусот. Националниот штаб за цивилна заштита најави дека денеска ќе одржи прес-конференција, по подолго време, по повод зголемувањето на […]

Во БиХ нови 77 заразени од корона вирус


  Во последните 24 часа 77 лица во Босна и Херцеговина заразени се со корона вирус, соопштија здравствените власти. Според Федералниот завод за јавно здравство во БиХ тестирани се 518 примероци, од кои 42 се позитивни на Ковид-19, додека во Република Српска има потврдено 35 случаи, од 278 теста. Во федерацијата БиХ досега се тестирани […]

Нагло се зголемува бројот на новозаразени во Израел, повторно се отвораат одделите за Ковид-19 во болниците


Министерството за здравство на Израел им нареди на болниците во државата да ги отворат одделенијата за пациенти со коронавирус поради нагло зголемување на бројот на новозаразени во последните неколку дена, изјави денеска портпаролот на Министерството. За утре е закажана итна владина седница заради утврдување нови чекори за борба против пандемијата – Ако веднаш не го […]

Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата кај Мисајловски, за Костадинов, Чулев е одговорен


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата во семејната пекара на потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Овде не се работи за ‘случаен’ пожар каков му се случи на Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на […]

Заев: Патот Штип-Кочани главна артерија на истокот


Патот Штип – Кочани е главна транспортна аретерија на истокот и значајна придобивка за граѓаните од целиот овој регион, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Сугарески и директорот на јавните државни патишта, Китанов беше во обиколка на експресниот пат во изградба […]

Французите сакаат најубавата авенија во светот – Шанзелизе да има повеќе зеленило, простор за пешаците и велосипедите


Според испитувањето направено од Комитетот Шанзелизе, за идното уредување на Елисејските полиња, граѓаните посакуваат тие да бидат позелени, да бидат вистинска пешачка зона, и место каде може да се ужива во францускиот начин на живеење, јави дописникот на МИА. Со големото испитување на Комитетот Шанзелизе, беа опфатени 96.702 испитаници, кои формулираа осум приоритетни идеи за […]

Во Кина почна втората фаза од тестирањето вакцина на луѓе


Кинеските истражувачи ја започнаа втората фаза од тестирање можна вакцина против коронавирус врз луѓе, објави денеска Институтот за медицинска биологија на Кинеската академија за медицински науки. Во втората фаза, според најавата на Институтот, ќе се утврди дозата на вакцината, а ќе продолжи и проценката дали вакцината може безбедно да го натера на одговор имунолошкиот систем […]

Корона избори во Србија: До 12 часот излезноста е 18,3 отсто, речиси иста како во 2016 година


  Бирачите во Србија гласаат за нов парламент на изборите кои дел од опозицијата ги бојкотира. До 12 часот на гласање излегле 18,3 отсто, покажуваат пдатоците на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност, од каде оценија дека моменталната излезност е на ниво од парламентарните избори во 2016 година. Забележани се одредени неправилности, меѓу кои и […]

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за РЕК Битола


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски обвини дека трет ден Васко Ковачевски и СДСМ молчат за кривичната пријава за рекет од 250.000 евра кои се обидел да го изнуди поранешниот директор на РЕК Битола, иако Ковачевски даде изјава и се закани со тужба. -Трет ден како Васко Ковачевски и СДСМ се обидуваат да ја прикријат аферата […]

Франција: Популарноста на претседателот Макрон стагнира, таа на премиерот Филип се зголемува


Една недела пред вториот круг на општинските избори во Франција и најавената реконструкција на француската влада веднаш по изборите, популарноста на претседателот Емануел Макрон стагнира, додека таа на премиерот Едуар Филип се зголемува, јави дописникот на МИА. Според испитувањето на ИФОП за Журнал ди Диманш, популарноста на Емануел Макрон стагнира на 38 отсто на задоволни […]