Променливо облачно и нестабилно со локален дожд


Времето претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура  од  18 до 30 степени. Во Скопје претпладне со сончеви периоди, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен […]

Заев во обиколка на експресниот пат Штип-Кочани


Патот Штип – Кочани е главна транспортна аретерија на истокот и значајна придобивка за граѓаните од целиот овој регион, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Сугарески и директорот на јавните државни патишта, Китанов беше во обиколка на експресниот пат во изградба […]

Фијаското на Доналд Трамп во Оклахома


Враќањето на Доналд Трамп на неговата омилена сцена – митинзите заврши со полупразна сала, со гневен говор, кој сепак не можеше да ја запали масата   ВАШИНГТОН – Доналд Трамп изјави дека „тивкото мнозинство е посилно од кога било досега“ на неговиот кам-бек митинг во саботата, но илјадници празни места во големата сала изгледа раскажаа […]

Прв возрасен пациент примен во детската болница Козле


Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле денеска го прими првиот возрасен пациент позитивен на вирусот КОВИД-19, а хоспитализирани се и две деца кои се позитивни. – Денеска го примивме првиот возрасен пациент. Се работи за 61-годишен маж, кој кај нас беше испратен од „Аџибадем Систина“. Нему во таа клиника му било […]

Странците од 7 јули ќе можат да влезат во Дубаи


Дубаи од 7 јули ќе дозволи влез на странците, додека странците со резиденцијални визи ќе можат да влезат од утре, соопштија денеска локалните власти. Се наведува дека оние што влегуваат ќе треба да покажат сертификати кои докажуваат дека неодамна биле тестирани за коронавирусот или дека ќе бидат тестирани по пристигнувањето на аеродромите во Дубаи. На […]

Чулев: Како СДСМ ќе го заштити здравјето на граѓаните, ако не знае ни на своите функционери


Министерот НаЌе Чулев ги праша вечерва СДСМ како ќе го заштитат здравјето на граѓаните кога не знаат да го заштитат ни своето, алудирајќи на последните заразени функционери од корона вирусот од владеечката партија. -Сите ние – политичарите преку сопствените постапки и сопственото однесување треба да претставуваме пример за тоа како треба да се однесуваат граѓаните […]

Огромна победа на партијата на Вучиќ на изборите во Србија


Според првичните податоци направени од Цесид и Ипсос на примероци од 45 отсто од гласачите, Српската народна партија (СНП) на Александар Вучиќ ќе освои 62,4 отсто од гласовите. По неа е Социјалстичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ со 10,6 проценти и СПАС со 4,1 отсто. Според овие резултати само овие три партии ќе влезат во […]

Ѓилас: Лажните избори не успеаја


– Претседавачот со опозициската коалиција Сојуз за Србија (СзС), Драган Ѓилас, која ги бојкотираше изборите, изјави вечерва дека „овие лажни избори на Александар Вучиќ не успеаја“ затоа што на нив се излезени помалку од 50 отсто од гласачите. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓилас на прес конференција кажа дека според нивните податоци […]

ММА: Прекинот на ТВ програмите е самоволие и тешко кривично дело


Самоволие и тешко кривично дело е вечерашниот едночасовен прекин на емитувањето на ТВ програмите од страна на кабелските оператори, смета Македонската медиумска асоцијација (ММА) која ја сочинуваат 5-те национални телевизии –Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма.  ММА им укажува на гледачите дека петте телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата […]

Григор Димитров позитивен на корона. Дали Ѓоковиќ ќе оди во самоизолација?


Григор Димитров е позитивен за корона вирус! Популарниот тенисер, кој играше во Задар на „Адрија тур“, ги извести фановите преку Инстаграм. „Здраво на сите, сакам да ги известам моите фанови и пријателите дека сум позитивен на Ковид-19, по тестирањата што ми беа извршени во Монако. Сакам да ги предупредам сите кои беа во контакт со […]

Операторите го прекршија законот, ќе бидат казнети за прекинувањето на програмата


Министерството за информатичко општество и администрација и министерот Дамјан Манчевски во реакција на прекинот на емитувањето на ТВ програмите што го почнаа вечерва по 18 часот операторите укажаа дека е направена повреда на член 115 од Законот за електронски комуникации и упати на условите под кои може да дојде до таков прекин, како и последиците […]

Избори во Србија: Излезноста до 19 часот 45,5 отсто


Според набљудувачката мисија „Црта“ на парламентарните избори во Србија излезноста до 19 часот била 45,5 отсто, што е за 7,6 проценти помалку во однос на 2016 година. Гласањето завршува во 20 часот. Покрај парламентарните денес во Србија се одржуваат и покраински и општински избори. Право на глас имаат 6,5 милиони граѓани. Партијата на претседателот Александар […]

Почна протестот на кабелските и ТВ операторите, ќе нема програма до 19:10


Македонските оператори вечерва во 18 часот ја реализираа најавата за времен прекин на реемитувањето на сите ТВ програми, освен на јавниот сервис МРТВ, во знак на протест поради, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. – Ја информираме јавноста дека сме принудени да почнеме со времени прекини во реемитувањето […]

Вo Грција регистрирани 10 нови случаи на Ковид- 19


Грција– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 10 нови случаи на Ковид-19 со што бројката на заразени се зголеми на 3.266 лица, јави дописничката на МИА од Атина. На Кипар, откако пет дена по ред немаше ниту еден нов случај, денеска е регистриран еден. Бројот на позитивни на Ковид-19, од почетокот на епидемијата […]

Во Сибир регистрирани рекордни 38 степени


Рускиот град Верхојанск во Сибир, познат по тоа дека има најекстремни температури во светот, забележа рекордни 38 степени, соопшти руската метеоролошка служба. Градот се наоѓа во арктичкиот поларен круг, во Република Јакутија, на околу 4.660 километри североисточно од Москва. Верхојанск, со околу 1.300 жители, го држи Гинисовиот рекорд како град со најголеми разлики во температурата, […]

Германија се мачи да воведе карантин во новите жаришта на корона вирусот


ФРАНКФУРТ – Властите во германските региони Гетинген и Северна Рајна Вестфалија ја повикаа полицијата да спроведе карантински мерки по порастот на локалните инфекции од корона вирус, што предизвика да скокне стапката на репродукција на вирусот на земјата. Стапката на репродукција на нови коронавирусни инфекции во Германија се искачи на 1,79, соопшти во саботата Институтот „Роберт […]

СЗО: Бројот на случаи на Ковид-19 во Африка надмина 293.000


Во земјите од Африка досега се потврдени 293.721 случаи на коронавирус, а бројот на смртни случаи од заболувања поврзани со Ковид-19 е 7.778, објави денеска регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка. Во изминатите 24 часа регистрирани се 208 смртни случаи како резултат на Ковид-19, а досега закрепнале вкупно 141 илјади пациенти. Најголем број […]

Црногорското приморје е „место на духови“ – нема туристи


  Прогнозите за туризам во Будва и во Бар, двете најознати летувалишта во Црна Гора, се многу песимистични. Летото почна, а во метрополата на црногорскиот русизам, Будва, има само 1.500 гости. Во земјата има нешто повеќе од 5.500 туристи, што е за 92 отсто помалку од лани во истиот период. Угостителите велат дека данокот останал […]

Во јули ќе биде реконструирана скопската улица „Орце Николов“


Општина Центар најави дека во јули ќе започне со реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, која е една од најфреквентите и најпознатите улици во Скопје, белег на Дебар Маало, со што почнува со средување на неследениот сообраќаен хаос. – Водејќи се од мотото „Здравјето и безбедноста на граѓаните пред профитот“, за заштита на пешаците, а особено […]

Аце Коцевски бара од Советот на Општината да ја прогласи неделата за неработен ден


Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски до Советот достави предлог-декларација за прогласување на неделата и деновите на државни и други празници да бидат неработни денови и во трговијата на големо и мало. Тој најави дека декларацијата ќе ја достави и до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), со цел да добие поширока поддршка и […]