Григор Димитров позитивен на корона. Дали Ѓоковиќ ќе оди во самоизолација?


Григор Димитров е позитивен за корона вирус! Популарниот тенисер, кој играше во Задар на „Адрија тур“, ги извести фановите преку Инстаграм.

„Здраво на сите, сакам да ги известам моите фанови и пријателите дека сум позитивен на Ковид-19, по тестирањата што ми беа извршени во Монако. Сакам да ги предупредам сите кои беа во контакт со мене да се тестираат и да ги преземат неопходните мерки. Жалам за проблемите што ги создадов, се враќам дома за да се рехабилитирам. Благодарам за поддршката, останете безбедни и здрави“, објави Димитров.

Бројот на контакти во последниве денови се навистина  многу. Играше со Борна Ќориќ, многу блиску и кошарка со Новак Ѓоковиќ и сите други учесници.

Финалето меѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов беше веднаш откажано.

„Моравме да откажеме, се извинувам“, рече Горан Иванишевиќ, директор на турнирот, додавајќи:

„Ова е голем шок и несреќа, откако сè помина така добро. Се консултиравме со сите здравствени установи и со хрватската влада, ги следивме нивните инструкции и моравме да го откажеме финалниот натпревар, заради сите овие прекрасни луѓе и оние што беа во контакт со Григор во последните денови“, рече Горан Иванишевиќ, директор на турнирот Задар од серијалот„ Адрија тур“.

Сите тенисери кои учествуваа на турнирот, како и лицата кои учествуваа во организацијата ќе бидат тестирани на Ковид-19.

Што ќе се случи со турнирот сега, односно дали целиот караван предводен од Новак Ѓоковиќ ќе замине во изолација? Многу веројатно…