ОЈО: Еден обвинет за убиство и за обид за убиство кај Шишево


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице обвинето за убиство и обид за убиство, кое на 2 март минатата година со употреба на огнено оружје – полуавтоматски пиштол, со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да го лиши од живот, на локалниот пат меѓу селата Шишево и […]

Сообраќајна несреќа на патот Неготино-Кавадарци


Сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Неготино-Кавадарци, во месноста Маренски уши. – Напред комбе кое носи долги метални профили. Одзади друго возило кое удрило во првото, а профилите ја пробиле шофершајбната на второто возило. Патничко моторно возило удрило во второто возило, појаснува случаен минувач за МИА. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски ја потврди […]

Земјотрес од Албанија, почувствуван и во Македонија


Земјотрес со локална магнитуда од 3,7 степени според Рихтер утрово е регистриран во соседна Република Албанија, а е почуствуван од населението во југозападните делови на нашата земја со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот, како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се случил во 6.30 часот, на 155 […]

Ноќеска 35 луѓе не го почитувале полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така, […]

Развојна банка: Досега поднесени 136 барања за 1,2 милиони евра бескаматни кредити


Развојната банка денеска ја доставува првата информација до Владата за обработените кредитни апликации кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра. „Во првата листа до Владата се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на […]

„Нова“ и „Жито Пром“ обезбедија опрема и кроасани за лекари, бездомници и социјално загрозени


Меѓународното училиште „Нова“ и фабриката „Жито Пром“ од Гевгелија донираа заштитна медицинска опрема односно маски, визири и скафандери за Инфективната клиника во Скопје и Општата болница во Гевгелија. Воедно, тие обезбедија и месечно снабдување со кроасани за сите 170 вработени на Инфективната клиника, за 110 социјално загрозени семејства во Гевгелија како и за Црвениот крст […]

Во Зоолошката градина донирани средства за дезинфекција и антибактериски гелови


Скопската зоолошка градина доби донација, средства за дезинфекција и антибактериски гелови од компанијата „Алкалоид“. – Во овие тешки времиња, помошта во превенција од коронавирусот секако ни е најпотребна. Или како што би кажале нашите пријатели од Алкалоид- Здравјето пред се! – соопштија од Зоолошката градина. Оттаму апелираат до сите граѓани да се придржуваат кон мерките […]

Во Франција починати за еден ден речиси колку вкупно починатите во Германија


Во Франција е регистриран најголем број смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на кризата – 1.427 лица ги загубија животите за еден ден. Споредено, бројот на починати во Франција само за еден ден е блиску до вкупниот број на починати во Германија, откако почна епидемијата. Како што објавија француските медиуми синоќа, 607 луѓе починале во […]

StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19


Владата ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19 и го овласти министерот за здравство, Венко Филипче, да го потпише договорот за донација помеѓу Друштвото за информатичка технологија „Некстсенс“ ДОО како давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата. Користењето на оваа […]

Трагичен светски рекорд на умрени во САД за еден ден


Во САД во изминатите 24 часа починале повеќе од 1.800 луѓе од КОВИД-19, што е најмногу во еден ден во која било земја досега. САД во исто време ја надминаа бројката од 400.000 заразени. Ова следува откако Доналд Трамп и здравствените власти предупредија дека ова ќе биде критична недела за Американците, во која се очекуваат […]

Меган и Хари формираат добротворна организација


Aнглија–  Доскорешните војвода и војвотка од Сасекс, Хари и Меган, ги открија своите планови за формирање добротворна организација во САД со називот „Арчвел“, јави Си-ен-ен. Откако на почетокот на годината одлучија да се повлечат од своите кралски должности, како членови на кралското семејство, Хари и Меган веќе не можат да ги користат своите кралски титули […]

Вимблдон ќе биде обесштетен од осигурувањето со 114 милиони евра


Aнглија – Организаторите на Вимблдон објавија дека ќе добијат 114 милиони евра од осигурителното друштво поради откажување на турнирот. Според нив, 23 милиони евра ќе бидат распределени на клубови, на судии, на играчи, на турнири кои се погодени со кризата од коронавирусот. Поради пандемијата на коронавирус се откажани 34 турнири, но само Вимблдон имаше осигурителна полиса […]

Куќата стана пекол: „Психолошката штета ќе биде поголема од економската“


Психолошката штета ќе биде еднаква или дури и поголема од економската, предупредува психијатар. Италијанскиот стручњак Паоло Крепе смета дека епидемијата од корона вирусот сега се претвора во психолошка. „Ќе се спасат оние кои размислуваат, кои прават планови. Бидејќи не може да се движите, барем придвижете го мозокот“, препорачува психијатарот. Крепе вели дека никој не може […]

Во светот 1,4 милиони заразени со коронавирус, кај нас досега 599


Во светот досега се регистрирани 1,4 милиони лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се околу 80 илјади, а оздравеле 300 илјади. Кај нас, со вчерашните 29 новозаболени пациенти, вкупната бројка достигна 599. Починаа 27, а излекувани се 30 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 254; […]

Коронавирусот е најлошиот разузнавачки неуспех во историјата на САД


Во септември минатата година се сретнав со потпретседателот за ризици на една од 100-те најдобри компании во Вашингтон, кој пред тоа имал долга кариера како разузнавачки аналитичар и го прашав што најмногу го загрижува. Без размислување ми одговори: „Многу заразен вирус што ќе почне негде во Кина и брзо ќе се прошири“. Потпретседателот, чија компанија […]

Короната не ги спречи урбанистичките „чудовишта“


Корона епидемијата не го запре градењето на двете згради – чудовишта во Аеродром. На нив се работи со полна пареа, а паралелно со таа на раскрсницата кај „Тобако“ се подготвува терен за почнување уште една огромна зграда од спротивната страна. Вистинските димензии на контраверзната зграда кај „Мајчин дом“, пак, сега дојдоа сосема до израз. Она […]

Италија ќе ја укинува блокадата во две фази


Италијанските власти соопштија дека блокадата, воведена заради запирање на ширењето на новиот корона вирус ќе биде укината во две фази. Првиот чекор кон укинување на блокадата во Италија по Велигден ќе биде постепеното започнување со производствени активности, а вториот, што се очекува да се случи на 4 мај, се однесува на измените во мерките за […]

Сончево со слаб до умерен североисточен ветер


Времето ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од девет до 21 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 19 степени. Следува период на стабилно, […]

Вера Јурова: Лажни информации за новиот корона вирус доаѓаат до Русија


Европската унија идентификувала лажни информации за корона вирусот што доаѓаат од Русија, изјави за ДПА, потпретседателот на Европската комисија, Вера Јурова. – Кампањата на Унијата EUvsDisinfo собра повеќе од 150 дезинформации поврзани со Кремљ за Ковид-19, рече Јурова, комесар за вредности и транспарентност. Јурова вели дека не може да каже дека државата наредила да се […]

Загрозени 25 милиони работни места во авиосообраќајот


Авиокомпаниите предупредуваа дека поради пад на патувањата, 25 милиони работни места низ целиот свет може да бидат загрозени, а Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (ИАТА) повика на итна помош од владите, бидејќи авиопревозниците немаат пари. Глобалниот воздушен сообраќај опадна за 70 проценти на почетокот на вториот квартал, соопшти ИАТА, при што европските летови паднаа за 90 […]