Куќата стана пекол: „Психолошката штета ќе биде поголема од економската“


Психолошката штета ќе биде еднаква или дури и поголема од економската, предупредува психијатар. Италијанскиот стручњак Паоло Крепе смета дека епидемијата од корона вирусот сега се претвора во психолошка.

„Ќе се спасат оние кои размислуваат, кои прават планови. Бидејќи не може да се движите, барем придвижете го мозокот“, препорачува психијатарот.

Крепе вели дека никој не може рално да каже што ќе се случи по епидемијата, како и кога Италијанците кои не виделе светлина месец и половина од почетокот на епидемијата, ќе се вратат на рутинскиот норамелн живот.

„Ми се чини јасно дека постојат знаци на взаемна нетрпеливост кај дел од населението. Родители против деца. Деца против родители. Тоа е климата во италијанските семејства. Се сложувам со филозофот кој пресуди дека куќата стана пекол“, вели психијатарот.

Крепе објаснува дека до денеска не го познававме својот дом, да го купивме, но не го живеевме.

„Пред корона вирусот семејството беше составено од луѓе кои стануваа и заминуваа во канцеларии и фабрики. Децата мораше да го следат крутиот план на патот: училиште, настава по музика, спорт, дружење во домот. Сега поминуваме низ масовен експеримент, цели семејства се во четири ѕида, без каков и да е сигурносен вентил“, вели тој.

Според него, фрустрацијата од останувањето дома се петвора во бес, а лутината има многу лица.

„Не мислам дека ќе има масакр во италијанските семејства. Но, сегашната состојба е големо страдање за семејствата кои се оптоварени со децата, двојки кои не навикнале 24 часа да бидат заедно“, смета Крепе.