ЕК со препораки за мобилните апликации за спречување на пандемијата


Со постепеното укинување на мерките на изолација и карантин во наредните месеци, се очекува мобилните апликации да одиграат значајна улога во борбата против ширењето на коронавирусот, но тие ќе треба да бидат согласно правото на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Брисел. Во овој контекст, Европската Комисија денеска објави неколку препораки за земјите членки […]

Ограничени контактите на возачите кои излегуваат од државава


На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехранбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита: Им се ограничуваат контактите […]

Народна банка: Филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат кога е неопходно


Народната банка денеска упати апел до граѓаните заради заштита на јавното здравје, филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е неопходно и неодложно. – Од утре, во терминот од 10 до 12 часот, кога е дозволено движење на лицата над 67 години, граѓаните коишто се во други возрасни групи да се […]

Уште 30 дена притвор за двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка


Продолжен е притворот на двајцата насилници на возраст од 23 и 26 години, кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон. Портпаролот на Основен суд-Штип, Катерина Миленкова-Трајчева за МИА изајви дека на двајцата им е продолжена мерката притвор од 30 дена. Предметот е веќе распределен кај судија, кој во […]

Вработените на пауза да не се групираат повеќе од петмина


На фирмите кои вршат дејност производство и имаат производни погони, хали и слично, им се препорачува во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени за работниците да бидат на растојание од еден ипол до два метра. Како што соопшти владината прес-служба им се препорачува и на вработените да не […]

Стопанската комора бара стриктна примена на законите во врска со употребата на дезинфициенси на пазарот


Во оваа вонредна состојба, кога се води голема битка за здравјето и животите на граѓаните, мора да се преземат сите можни чекори за нивна заштита. Затоа мора да се обезбеди стриктна примена на законските одредби во врска со продажбата на биоцидни производи на пазарот (дезинфициенси за раце, за површини и за подови). Ова е особено […]

Во Словенија потврдени 36 новозаразени со коронавирусот


Во Словенија се потврдени 35 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Изминатите 24 часа се направени вкупно 1.214 тестирања. Вкупниот број на инфицирани лица сега изнесува 1091. Од сите инфицирани болнички се лекуваат 111 пациент, а од нив само 35 се на одделите за интензивна нега. Од Ковид-19 […]

МЗШВ: Земјоделците можат на нива и во време на забрана за движење


Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во кое живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Земјоделците пак, се […]

Бектеши: Не е вистина дека угостителите не ги користат мерките, уште 8 милиони евра за поддршка


Министерот за економија Крешник Бектеши денес на прес конференција ги оцени како невистинити бројките кои вчера ги кажа претставникот на Угостителско- туристичката комора при Сојузот на стопански комори дека без работа ќе останат 15 илјади вработени поради тоа што угостителите не ги прифаќаат мерките за помош што ги понуди Владата. „Укажувањата на угостителите дека нема […]

Се урна мост во Италија, повреден е возач на камион


Во Италија денеска се сруши мост и повреден е возач на камион, изјави портпаролот на италијанската противпожарна бригада. Мостот се наоѓа на прометен пат  во близина на градот Аула, помеѓу Џенова и Фиренца. На местото се наоѓаат пожарникари, а со сообраќајот управува државниот оператор Анас.

Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието


Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија денеска се најде пред Уставните судии, но врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот седницата ќе продолжи во наредните денови, информираат од Уставниот суд. – Уставниот суд на Република Северна Македонија, денеска одржа […]

Славните мјузикли на Лојд Вебер од Бродвеј се селат бесплатно на Јутјуб


Англија- Фановите на музичкиот театар принудени да останат дома поради пандемијата на коронавирус ќе можат да гледаат неколку од најпопуларните дела на британскиот композитор Ендрју Лојд Вебер бесплатно на Јутјуб секоја недела. Серијата музикли, насловена The Shows Must Go On! („Шоуaтa мора да продолжaт!“), ќе започне во петок со филмска верзија од 2000 година на Веберовата […]

Наоми Кембел е самоизолирана во облека на Елизабет Тејлор


САД- Се чини дека Наоми Кембел е во мисија да седи дома повеќе од било кој друг. На Инстаграм, таа ги советува следбениците да останат позитивни, заедно да вежбаат во живо и ги поканува другите да се придружат. Сепак, реалното шоу на супермоделот „Making the Cut“, на Amazon Prime е тоа што  привлекува внимание. Секој […]

Ветеринарите препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор


Англија– Британските ветеринари препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор, како превентивна мерка против ширењето на новиот коронавирус, јави Би-Би-Си. Сепак, сопствениците на мачки „не мора да се грижат“, додаваат од Британската ветеринарна асоцијација. – Нема случај на домашно милениче, куче или мачка, да го заразило својот сопственик со Ковид-19, рече д-р Анжел Алмендрос, од […]

СОНК реагира на начинот на кој е донесена уредбата за укинување на надоместоците на плата


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска реагира на начинот на кој е донесена уредбата со која на корисниците на буџетски средства им се укинува правото на исплата на додатоци и надоместоци на плата. Синдикатот, како што се наведува во соопштението, ја разбира моменталната состојба на државата, но реагира затоа што при носењето […]

Поради Ковид-19 засегнати 81 отсто од работниците во светот


Прекинувањето на бизнисите и другите економски мерки поврзани со ширењето на новиот корона вирус засегнаа 2,7 милијарди работници во светот. Во второто тримесечие на 2020 година, поради различни ограничувања, ќе се изгуби вкупно 6,7 отсто од работното време, што е еднакво на целосно отсуство од работа за 195 милиони луѓе, се наведува во извештајот објавен […]

Русија со рекорден број заразени за 24 часа – 1.175


Бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија се зголеми за 1.175 во текот на изминатите 24 часа на 8.672 во 81 од 85 региони на федерацијата. Ова денеска го соопшти рускиот оперативен штаб за борба против заразата. Тоа е рекорден број нови случаи на ден во Руската Федерација. – Во изминатите 24 часа оздравеа […]

Аселборн: Ако падне Шенген, паѓа и ЕУ


Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн ја повика германската Влада, што е можно поскоро, да ги укине граничните контроли со Луксембург и Франција. – Граничните контроли ме загрижуваат. Ако падне Шенген, тогаш паѓа и ЕУ.. Шенген е најголемото достигнување на Унијата, рече Аселборн во изјава за германските медиуми. Тој посочи дека граничните контроли […]

МЗ: Лицата со кардиолошки заболувања со зголемен ризик


Министерството за здравство денеска објави препораки од кардиолозите, кои сметаат дека срцевите заболувања го зголемуваат ризикот при пандемија на КОВИД 19 и оти навремените информации и препораките се силно оружје за срцевите болни, кои треба да се запознаени дека имаат зголемен ризик за да можат да се заштитат и да го намалат тој ризик од […]