Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје. Како што соопшти неговиот Кабинет, за време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со работата на лабораторијата, во која се вршат испитувања за присуство на вирусот КОВИД-19. Претседателот Пендаровски оддаде признание за макотрпната работа […]

Во Дебар уште осум лица во самоизолација, граѓаните го почитуваат карантинот


Во општините Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места и нарушувања на јавниот ред и мир, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, во Дебар се евидентирани осум нови лица во самоизолација, а врз сите што се во самоизолација се извршени 68 контроли. […]

Поради внатрешни кавги, БиХ останува без 165 милиони евра помош од ММФ


Босна и Херцеговина месецов нема да добие 165 милиони евра итна помош од Меѓународниот моментарен фонд (ММФ) бидејќи во таа земја не можат да се договорат како ќе се поделат парите, потврди шефот на канцеларијата на ММФ во Сараево Ендрју Џуел. – Властите и натаму не можат да се договорат како ќе ги поделат парите. […]

Дванаесет лица во самоизолација во Малешевијата


Пехчево и Берово се меѓу општините кои се уште му одолеваат на коронавирусот. Ова, според епидемиологот Сузана Каракашева, се должи на свеста на граѓаните за задолжителното почитување на мерките и препораките на Владата и Министертстворо за здравство. Во моментов, од сите 12 лица кои се наоѓаат во самозиолација во Пехчево и Берово, ниту еден нема […]

За три месеци извозот поголем за 210 милиони евра


Во одвивањето на трговијата со соседните земји нема никакви проблеми, рече денес на прес конферецнија директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, на која зборуваше за новините во царинското работење и за резултатите во надворешната трговија. „Според податоците на Царинската управа, вкупната вредност на извозот во првите три месеци од годинава беше 86,77 милијарди денари или […]

Кој е „следниот свет“ по корона вирусот


После секоја траума се уверуваме себеси дека катастрофите ќе испровоцираат поздрава свест за подобар свет. Едно е сигурно, оваа криза го сигнализира забрзувањето на новиот капитализам – дигиталниот капитализам   Дејан Буѓевац (Специјално за „Независен“) Париз – Вирусното цунами, кое ја принудува половината од човештвото да се замолчи и изолира, кое ги заплашува државите и […]

Халкбанк одложи рати за кредити на компаниите во вредност од 30 милиони евра


Над 600 компании клиенти на Халкбанк, со над 9.600 вработени и со кредитна изложеност во банката во висина од 140 милиони евра, ја прифатија понудата за одложено плаќање на тековните кредитни обврски за период до 6 месеци и пролонгирање на доспевањата на краткорочните кредити, во зависност од индивидуалната потреба на компаниите засегнати од кризата, соопштија […]

Дрејк ги купи најскапите чанти „Биркин“ за идната сопруга


САД- Пред скоро три години, раперот и еден од најбогатите во шоу-бизнисот, Дрејк во едно интервју откри дека со години собирал чанти „Биркин“ (во чест на Џејн Биркин)  за „жената со која ќе го помине животот“. Никој ја нема видена ексклузивната колекција… до сега. Architectural Digest влезе во домот на Дрејк во Торонто, Канада и […]

Полицискиот час го прекршиле 97 лица, 62 биле приведени


Вкупно 97 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето изминатото деноноќие, од кои 5 се лица на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години. Од страна на полициските службеници приведени се 62 лица, опоменати се вкупно 10 лица, а за 23 лица земени се податоци за понатамошно постапување. […]

Џинцу Чен: Светот очекува лек против корона, но изгледа еден нема да биде доволен


Во Кина врз пациентите заболени од корона вирусот испробани се сите потенцијални антивирусни лекови кои се или во фаза три клинички испитувања или веќе се одобрени за други индикации, но лекот сè уште не е пронајден, вели професорот Џунцу Чен од американскиот универзитет МИТ. -Иако има извештаи дека одредени лекови може да имаат терапевтски ефект, […]

Германија ги прошири мерките: карантин за секој што ќе влезе во земјата


Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, сите лица кои доаѓаат од странство ќе мораат да се стават во карантин две недели. Во случај на непочитување на мерката карантин, тие се соочуваат со казна од 150 до 25 000 евра.

Кавадарчанец скршил нога бегајќи од полиција за време на полициски


Добил скршеници прескокнувајќи ограда, бегајќи  од полиција за време полициски час. Ваква драма му се случила синоќа на 30-годишен кавадарчанец, потврди  за МИА Ратко Грков, доктор во Брза помош од Кавадарци. -Интервениравме на повик синоќа околу 18 часот. Младиот човек имаше комплетно две скршеници на двете коски на потколеница. Имобилизиравме и го пренесовме во болница. […]

„Ју-ту“ донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот


Ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“ даде 10 милиони долари за борба против коронавирусот во својата земја. Парите ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема. Дел од опремата финансирана од бендот веќе пристигна на аеродромот во Даблин, објави ирската телевизија РТЕ. Ирскиот премиер Лео Варадкар им се заблагодари на рокерите. – „Иако […]

Првите клинички тестови за вакцината против Ковид-19 во јуни во Белгија и Германија


 Германската лабораторија КјурВак од јуни ќе ги започне првите клинички испитувања за вакцината против новиот коронавирус во Германија и во Белгија, најави претседателот на надзорниот совет на компанијата, Жан Стефен. Компанијата КјурВак соопшти дека најрано во јуни, најдоцна во јули, ќе ги тестира првите вакцини врз полнолетни и здрави лица кои не биле изложени на […]

Вирусот однесе уште еден живот од Холивуд


Актерот Ален Гарфилд, кој глуми во хит филмот „Полицаецот од Беверли Хилс 2“почина од компликации предизвикани од оваа болест. Гарфилд го играше шефот на полицијата во хит комедијата со Еди Марфи, а меѓу другите негови улоги се и проектите The Talk, Nashville, The Stuntman и други. Актерот на 80 години и починал во специјализиран дом […]

Почина Линда Трип – жената што ја откри аферата Клинтон-Левински


Американската државна службеничка Линда Трип, која ја разоткри аферата меѓу тогашниот претседател Бил Клинтон и Моника Левински, почина на возраст од 70 години од рак на панкреасот, соопшти денеска нејзиното семејство. Трип стана позната во 1998 година кога во процесот за отповикување на американскиот претседател Клинтон приложи снимки со Моника Левински кои станаа главен доказ […]

Реисот Реџепи се закани: Ако не ни дадат помош,ќе ги отворам џамиите


Реисот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи  побара од Владата „на ИВЗ да ѝ го даде делот од помошта што ѝ следува“. Во спротивно, изјавил Реџепи, постои можност за повлекување на апелите на ИВЗ да не се посетуваат верските објекти во врска со епидемијата. -Ситуацијата ќе излезе од контрола и овде ќе стане Бангладеш, рече […]

Патрик Мартенс: Странските инвеститори ќе дадат значаен придонес во одржувањето на општеството и државата


  „Вирусот корона се разбира дека има влијание врз економскиот и работниот процес на странските инвеститори во Северна Македонија. Инвеститорите ги презедоа сите заштитни мерки и доследно ги спроведуваа владините препораки на начин на кој што им беше препорачано да се примени во индустриското производство. И покрај тоа во изминатите недели се зголемија лажни вести […]

Билјана Јовановска: Ни лажам, ни манипулирам, масовни отпуштања нема


Директорката на Агенцијата за вработување,  Билјана Јовановска, за „Утрински брифинг“ тврдеше дека нема масовно отпуштање на вработени поради кризата и дека бројката на новоевидентираните невработени лица е од 1.900 до 2.000. -Ниту лажам, ниту манипулирам. Нека дојдат медиумите, нека дојде Комората и ќе ги извадиме листинзите на тие работодавачи што тврдат дека отпуштаат 15.000 работници, […]