Дрејк ги купи најскапите чанти „Биркин“ за идната сопруга


САД- Пред скоро три години, раперот и еден од најбогатите во шоу-бизнисот, Дрејк во едно интервју откри дека со години собирал чанти „Биркин“ (во чест на Џејн Биркин)  за „жената со која ќе го помине животот“. Никој ја нема видена ексклузивната колекција… до сега.

Architectural Digest влезе во домот на Дрејк во Торонто, Канада и неговата колекција на луксузни чанти „Биркин“ го направи своето јавно деби. Парчињата на Хермес се внимателно прикажани во двокатниот плакар на Дрејк (да, двокатна), која е „украсена со аметист, рок кристал и седишта тапацирани со дијаманти“, според АД.

На една фотографија се прикажани три чанти од крокодилска кожа. Запомнете, ова се некои од најретките и најскапите чанти во светот, со цени од 40.000 до 500.000 долари секоја од нив.

„Тоа е огромeн луксуз“, рече Дрејк за  неговиот животен стил. „Таа порака се пренесува преку големината на просториите и материјалите и деталите за подовите и таваните“. Со полици полни со чанти кои чинат повеќе од просечниот автомобил, таа порака секако е примена.

Со овие луксузни чанти иднината на г-ѓа Дрејк е загарантирана. Сега се што треба да направи е да ја најде.