Патрик Мартенс: Странските инвеститори ќе дадат значаен придонес во одржувањето на општеството и државата

Зголемувањето на платите е можно само со паралелно зголемување на продуктивноста: Патрик Мартенс

 

Вирусот корона се разбира дека има влијание врз економскиот и работниот процес на странските инвеститори во Северна Македонија. Инвеститорите ги презедоа сите заштитни мерки и доследно ги спроведуваа владините препораки на начин на кој што им беше препорачано да се примени во индустриското производство. И покрај тоа во изминатите недели се зголемија лажни вести за странските инвеститори во земјата. Овие лажни вести во оваа тешка состојба не се од корист ниту за компаниите ниту пак за вработените. Со повторно стартување на производство, компаниите ќе сторат сé за да ја исполнат својата одговорност за зачувување на здравјето на вработените. Рестартирањето на производството ќе даде значаен придонес во одржувањето на општеството и државата“, соопшти Патрик Мартенс, Директор на Делегацијата на германското стопанство во неговата Утринска телеграма.

Неговот денешно ообраќање е посветено на можностите што ќе се отворат по кризата предизвикана од корона вирусот и на синџирите на добавувачи кои одново ќе се позиционираат на светската мапа.

Мрежата на Германските стопански комори во странство (АХК) од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Украина, Белорусија, Тунис и Мароко се обединија да ја понудат својата помош на компанииите при поставувањето на новата структура на синџирите на добавувачи. Планирани се заеднички маркетинг активности во соработка со релевантни германски трговски здруженија, со чија помош компаниите ќе можат да ја пронајдат вистинската локација за пренасочување на нивниот синџир на снабдување и да најдат можности за нови инвестиции. Фокусот е ставен посебно на автомобилската, електро и фармацевтската индустрија“, вели Мартенс.

„Подемот на Северна Македонија како дестинација за директни странски инвестиции доведе до бум во изградбата на индустриски објекти. Ова гледиште го има и иницијативата за извоз на енергија при Сојузното Министерство за економија и енергетика. Министерството организира Делегациско патување на тема: „Обновливи енергии и енергетска ефикасност во индустријата во Северна Македонија“. Она што ќе биде новина во врска со Делегациското патување е дека ќе го организираме виртуелно. Стручната конференција и Б2Б состаноците ќе Ви овозможат да се запознаете со потенцијални клиенти. Доколку сте заинтересирани за Делегациското патување на оваа тема, ве молиме контактирајте ја г-ѓа Марина Станков: stankov@nordmazedonien.ahk.de“, вели Мартенс во неговото обраќање.