Полицискиот час го прекршиле 97 лица, 62 биле приведени


Фото: Б. Грданоски
Вкупно 97 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето изминатото деноноќие, од кои 5 се лица на возраст до 18 години и 1 лице на возраст над 67 години. Од страна на полициските службеници приведени се 62 лица, опоменати се вкупно 10 лица, а за 23 лица земени се податоци за понатамошно постапување.

 

Од страна на Секторите за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство поднесени се 52 кривични пријави за 65 сторители и 17 известувања.

За 65 лица издадени се решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Исто така, Секторот за секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика регистирал два настани поврзани со говор на омраза и за истите поднесени се известувања до ОЈО.