Коронавирус: Холивудски ѕвезди кои ја одложија свадбата


САД– Коронавирусот им ги одложи свадбите и на холивудските ѕвезди. Сега, двојките се самоизолирани дома и чекаат пандемијата да помине. Ако не на гала-настани и на филмски сетови, тие постојано се присутни на социјалните мрежи каде споделуваат моменти од карантинот или се присетуваат на најубавите моменти од својата кариера и живот. Кои холивудски ѕвезди ги […]

Над 1.500 јавувања за економските мерки, контакт центарот од денеска со зголемен капацитет


Финансиската поддршка за компаниите, невработеност, кредитирање и дозволи за движење во полициски час се најчесто поставуваните прашања во контакт центарот за економски мерки на Владата, каде неделава имало 1.579 јавувања.   Контакт центарот, преку телефонскиот број 02/324-8040, функционира од минатата недела и е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки […]

Починаа уште четворица пациенти од ковид-19, новозаболени 26


Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г). Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни […]

Симовски: За очекување е дека ќе има пад на БДП, вработеноста и на платите


Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска изјави дека во дадената ситуација за очекување е да има пад на БДП, намалување на вработеноста, намалување на платите и на животниот стандард. – Тоа е нормално да се очекува. Прашањето е колку ќе трае тоа. Ако трае само во вториот квартал тоа е добро, но […]

Стопанската комора бара поголема транспарентност за економските мерки


На истиот начин, како што секој ден се известува за бројот на новозаболени, починати или оздравени лица од корона вирусот, да се известува и за тоа кои економски мерки се расположливи во моментот и како се користат, предлага Стопанската комора на Македонија. Оттаму денеска порачаа дека со поголема транспарентност ќе се дојде до поточни заклучоци […]

ИДСЦС: Јавните претпријатија немаат формален систем за мерење на задоволството на граѓаните од јавните услуги


Истражувањата направени од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), покажуваат дека многу мал број од јавните претпријатија користат системи за мерење на задоволството на корисниците на услуги. – Иако корисниците можат да се обратат до некои јавни претпријатија преку некои форми за жалба, поплака или пофалба, сепак 64 отсто од јавните претпријатија немаат […]

Црвениот крст ги проширува активностите како одговор на пандемијата од Ковид-19


Преку активирање на дополнителни мобилни тимови за поддршка на ранливи категории граѓани и обезбедување на неопходни материјали за Клиниката за инфективни болести во Скопје, Црвениот крст на Република Северна Македонија го проширува обемот на своите активности во борбата против корона вирусот. Поддршка за активностите на Црвениот крст даде и претседателот на државата Стево Пендаровски кој […]

Дезинфекција на јавни површини и објекти во Општина Новаци


Општина Новаци и ЈКП „Комунална Хигиена” ја почнаа втората фаза од оперативниот план за дезинфекција на јавни површини, објекти, урбана опрема, фреквентни места и пешачки патеки. Активноста е дел од сетот превентивни мерки за заштита на населението од корона вирусот донесени од Општинскиот кризен штаб со кој раководи градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски. –Екипи од ЈКП „Комунална Хигиена” […]

Шпанија ги олабави строгите мерки, бројот на починати денес е 517


Мадрид – Шпанија, една од државите најтешко погодена од глобалната епидемија на корона вирусот, во понеделникот започна со олеснување на строгите ограничување на заклучувањето кое ги одржуваше луѓето ограничени на своите домови повеќе од еден месец и ја запре економската активност. Бројот на смртни случаи во Шпанија од корона вирусот се искачи на 17.489 во […]

Кои земји имаат најригорозни мерки, а кои најслаби, во борбата со Ковид-19


Англија–  Според истражувањата на научниците од Универзитетот Оксфорд, Хрватска, Србија и Словенија имаат најстроги мерки за заштита од пандемијата на вирусот Ковид-19 во светот. Максимални 100 бодови на ранг-листата за строги мерки, според Оксфорд имаат Хрватска, Србија, Словенија, Индија, Пакистан, Сирија, Виетнам, Шри Ланка, Тунис, Уганда, Јужноафриканска Републија, Боцвана, Мадагаскар, Хондурас и Костарика. Најмалку бодови има […]

Исус во Рио облечен во лекарска униформа


Искупителот во Рио де Жанеиро, Бразил, на католичкиот Велигден беше виртуелно „облечен“ во лекарска облека. Градот на тој начин им заблагодари на болничарите од цел свет, за сѐ она што го прават во борбата против коронавирусот. Станува збор за познатата статуа на планината Корковадо над Рио. Таа го доби својот нов изглед благодарение на специјално […]

Коронавирус: Дали Турција ќе стане нова Италија?


Листата од Книгата на умрени на градот Истанбул неколку часа се вртеше по социјалните медиуми пред да биде блокиран пристапот до неа. Можеше да се видат смртните случаи од претходниот ден, вклучително имињата, датумот на раѓање и причината за смртта на вкупно 255 лица. 20 пати како причина за смртта беше наведено Ковид-19. Турскиот министер […]

Германци се приклучија на тужбата против скијачкиот центар Ишгл


Околу 4.000 германски туристи кои се заразиле со коронавирусот се приклучија кон тужбата на Здружението за заштита на потрошувачи (ВСВ) против австрискиот скијачки центар Ишгл. На властите на Ишгл и на покраината Тирол им се забележува дека свесно реагирале доцна на избувнување на инфекција на коронавирус и дека се обиделе да ја прикријат опасноста за […]

Д-р Арсова: Мијте ја косата, корона вирусот се пренесува и преку неа


„Ковид-19, може да се пренесе на косата, со допир или по пат на капки во воздухот“ вели трихологот, д-р Елена Арсова. Таа потенцира дека треба да бидете внимателни, на пример, додека чекате во редот во маркет да не ја допирате косата, но исто така да внимавате, да бидете на дистанца од другите на 2 метри. […]

Грција гони свештеници -одржале литургии и покрај забраните


Во две цркви, во атинската населба Кукаки и на островот Крф, и покрај забраните поради Ковид-19 црквите да бидат затворени за верниците, свештени лица причестувале граѓани, по што реагирало обвинителството. Според информациите во грчките медиуми, веќе се покренати предмети, а полицијата трага по свештените лица од двете цркви. Дел од медиумите во Грција, вчера објавија […]

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста


Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста, а за половина денар поевтинува екстра лесното  масло за домаќинствата од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, новата малопродажна цена  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 48,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 50,50 денари. […]

Ќе се снима филм за скандалозниот живот на Валис Симпсон


Англија– Сите очи на јавноста се насочени кон Меган Маркл во моментот кога таа и принцот Хари се повлекуваат од своите кралски должности и го започнуваат свјот нов живот со бебето Арчи во Калифорнија. Но, не толку одамна, таблоидите беа исполнети со наслови за друга американска војвотка: Валис Симпсон. И сега, приказната за војвотката од […]

Германците не сакаат олеснување на мерките против корона вирусот


Иако има позитивен тренд во бројот на новозаразени, Германците остануваат скептични и не сакаат мерките за борба против коронавирусот прерано да бидат укинати, покажува истражувањето спроведено од Институтот „Југов“ (YouGov). Вкупно 44 проценти од испитаниците сакаат продолжување на рестриктивните мерки и по 19 април, а 12 проценти се и за дополнително затегнување. Од друга страна, […]

Најголем број новозаразени во Русија, починаа уште 18


Во Русија денеска потврдени се нови 2.558 случаи заразени од корона вирус, со што вкупниот број заразени се искачи на 18.328. За 24 часа починаа уште 18 лица, со што вкупниот број починати сега е 148 луѓе. Оздравеа 1.470 пациенти, соопшти рускиот центар за сузбивање на епидемија, пренесе Тасс. Случаи на заболени корона вирус регистрирани […]

Концертот на Андреа Бочели во Милано го гледале над 24 милиони луѓе


Италија– Велигденскиот соло-концерт на италијанскиот тенор Андреа Бочели синоќа во празната Миланска катедрала Дуомо, што се пренесуваше во живо на Јутјуб, досега го гледале повеќе од 24 милиона луѓе. – Во денот кога ја славиме верата во животот што триумфира, ја имам честа и среќата да одговорам со „Да” на поканата на управата на градот […]