Концертот на Андреа Бочели во Милано го гледале над 24 милиони луѓе


Италија– Велигденскиот соло-концерт на италијанскиот тенор Андреа Бочели синоќа во празната Миланска катедрала Дуомо, што се пренесуваше во живо на Јутјуб, досега го гледале повеќе од 24 милиона луѓе.

– Во денот кога ја славиме верата во животот што триумфира, ја имам честа и среќата да одговорам со „Да” на поканата на управата на градот Милано, изјави славниот оперски пејач пред концертот.

Придружуван од катедралниот оргулист, Бочели изведе четири песни и заврши со „Amazing Grace”, застанат пред величествениот готски храм.

Последната изведба беше проследена со кадри од празните улици на Париз, Лондон и Њујорк.

Областа Ломбардија, со главниот град Милано, е најмногу погодена од епидемијата, со повеќе од 9.000 смртни случаи.