Над 40 лица починаа во Индија од високи температури


Најмалку 49 лица починале во последните 24 часа во индиската сојузна држава Бихар, во северниот дел од земјата, каде веќе две седмици има екстремно високи температури. Жртвите главно се од областа Магад, која е зафатена од суша и температура од околу 45 степени Целзиусови. Локалните власти соопштија дека починале 49 луѓе во три дистрикти, додавајќи …

Над 40 лица починаа во Индија од високи температури Read More »

Протест „1 од 5 милиони“ во Белград: Во Србија е опасно да се мисли поинаку и слободно


Во Белград синоќа се одржаа 28-от по ред граѓански протести „1 од 5 милиони“ против власта на српскиот претседател Александар Вучиќ, од кој беше порачано дека „во Србија е опасно да се мисли поинаку и слободно, а единствениот начин граѓаните да се борат против тоа е солидарноста“. Протестот на повеќе илјади граѓани започна пред Теразиската …

Протест „1 од 5 милиони“ во Белград: Во Србија е опасно да се мисли поинаку и слободно Read More »

Анкета: За Британците Борис Џонсон е најсоодветен кандидат за лидер на конзервативците


Британците сметаат дека поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон е најсоодветниот кандидат за нов лидер на владејачката Конзервативна партија, а со тоа и за иден премиер на Велика Британија, покажуваат резултатите од анкетите објави во денешните изданија на „Сандеј Тајмс“ и „Сан“. Според анкетата на ЈуГов, дури 47 отсто од испитаниците сметаат дека Џонсон …

Анкета: За Британците Борис Џонсон е најсоодветен кандидат за лидер на конзервативците Read More »

Се ожени капитенот на Реал: Најважниот гол на Рамос


Фудбалскиот крем се собра во саботата во Севилја за да ја прослави свадбата на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и на неговата долгодишна партнерка, Пилар Рубио. Двојката се венча во катедралата во Севилја, а на веселбата присуствуваа многубројни колеги на Рамос. Рамос пред олтарот дојде во придружба на мајка си, а Пилар под рака …

Се ожени капитенот на Реал: Најважниот гол на Рамос Read More »

Првата дама на Израел треба да плати казна од 15 илјади долари


Суд во Ерусалим денеска на сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Сара и изрече парична казна од 15.000 долари поради „злоупотреба на државни средства“. Казната е изречена врз основа на спогодбата меѓу Јавното обвинителството и Сара Нетанјаху, која беше обвинета дека потрошила околу 100.000 долари државни пари за луксузни ручеци и вечери со семејството и …

Првата дама на Израел треба да плати казна од 15 илјади долари Read More »

Полицијата тренира строгост: Во Скопје 400 казни за само една ноќ


Близу 400 казни изрекоа полициските службеници во Скопје изминатата ноќ. Дел од казнетите возачи биле пијани, други возеле пребргу, кај трети се евидентирани други прекршоци, тврдат од Министерството за внатрешни работи Во периодот од полноќ до пет часот наутро, извршена е акција за откривање возачи што ги управуваат возилата под дејство на алкохол. „Притоа, кај …

Полицијата тренира строгост: Во Скопје 400 казни за само една ноќ Read More »

Одбележани 76 години од стрелањето на ваташките младинци


Седумдесет и шест години од стрелањето на ваташките младинци беа одбележани денеска во месноста Моклиште, Кавадаречко. – Во долгата и тешка историја на македонскиот народ, многу настани останаа длабоко врежани во свеста и паметењето на луѓето и долга низа години ќе се пренесуваат од генерација на генерација. Настан кој никогаш не може да биде избришан …

Одбележани 76 години од стрелањето на ваташките младинци Read More »

Северна Македонија во исчекување на одлуката на ЕУ за преговори


Во вторник министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ ќе заседаваат во Луксембург, а на дневен ред се извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето. Северна Македонија и Албанија ќе бидат главна тема на преговорите во овој дел. Министрите треба да одлучат дали и кога овие две земји …

Северна Македонија во исчекување на одлуката на ЕУ за преговори Read More »

Бизнисмени од Tурција заинтересирани за соработка со фирми од земјава


Бизнисмени од Нусајбин, Турција, в среда, 19 јуни, доаѓаат во Скопје. Ќе учествуваат на деловен форум што го организира Стопанската комора Македонија -Турција (МАТТО). На форумот се предвидени Б2Б средби и воспоставување соработка. Турските компании од Нусајбин, провинција што граничи со Сирија, се заинтересирани за партнерства со наши фирми. -Земјава ќе ја посетат компании од повеќе …

Бизнисмени од Tурција заинтересирани за соработка со фирми од земјава Read More »

Тешко повреден моторциклист во сообраќајка кај Ваташа


Дваесет и четири годишен моторциклист од Кавадарци бил тешко повреден во сообраќајка кај Спомен-паркот „12 младинци“ во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко. – Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки“ со кавадаречки ознаки …

Тешко повреден моторциклист во сообраќајка кај Ваташа Read More »

Ракометарите без Стоилов против Грција: На победа во Струмица


Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Данило Брестовац ги објави промените во списокот на ракометари за квалификацискиот натпревар против Грција. На местото на Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, и на местото на Томислав Јагуриновски ќе биде Мартин Серафимов. Македонија денеска во 18 часот во салата …

Ракометарите без Стоилов против Грција: На победа во Струмица Read More »

Ријад бара „решителен став“ на меѓународната заедница кон Иран


Саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман ја повика меѓународната заедница да заземе „решителен став“ во врска со нападите врз нафтените танкери во Оманскиот Залив, за кои го обвини Иран. Изминативе денови на два танкери во Оманскиот Залив се случија експлозии, по што избувнаа пожари. Причините за експлозиите официјално не се соопштени, но САД, Саудиска Арабија …

Ријад бара „решителен став“ на меѓународната заедница кон Иран Read More »

„Трескавец“ се обновува според роковите, но потребно е решавање на неколку клучни зафати


Работите со обновата на опожарените конаци на манастирот „Трескавец“ кај Прилеп се при крај, но за проектот да помине на технички преглед потребно е да се решат прашањата со водоводот до манастирот, без кој не може да има технички прием на објектот, а се работи и на пречистителната станица. Освен тоа, годинава треба да завршат …

„Трескавец“ се обновува според роковите, но потребно е решавање на неколку клучни зафати Read More »

Над 60 загинати во поплави и свлечишта во Кина


Најмалку 60 лица загинаа во поплави и свлечишта предизвикани од поројните дождови, што ги зафатија јужните делови на Кина, соопшти кинеската Комисија за справување со елементарни непогоди. Според податоците на Комисијата, при поплавите и лизгањето на земјиштето биле урнати или оштетени околу 9.300 станбени објекти, а од погодените региони биле евакуирана над 356.000 лица. Поплавите …

Над 60 загинати во поплави и свлечишта во Кина Read More »

Заврши 54. МТФ „Војдан Чернодрински“


Со доделувањето на наградите и со претставата во чест на наградените, синоќа на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп заврши 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од седми јуни се одржуваше во Прилеп. Жирито ги додели наградите на најдобрите, пред сѐ, на најдобрата претстава во целина, претставата „Бакхи – краток преглед …

Заврши 54. МТФ „Војдан Чернодрински“ Read More »

Државата дипломирана за претприемништво, кадарот без вештини


Претприемачкото учење и вештини се меѓу клучните слабости што се нотирани за државава во најновиот извештај за напредокот на земјите од Западен Балкан и Турција во однос на предусловите за развој на малите и средните претпријатија за изминатите три години. Во извештајот е прикажан развојот на државата со усвоената Стратегија за претприемачко учење и воведедените …

Државата дипломирана за претприемништво, кадарот без вештини Read More »

Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а  попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Минималната температура ќе се движи меѓу 12 и 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне девет. Во Скопје сончево со мала до …

Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер Read More »

Среќни и испотени: Спектакуларен концерт на Чолиќ во Скопје


Среќни и испотени бевме синоќа на спектакуларниот концерт на на балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ (68) на Градскиот стадион. Третиот во низа во Скопје, по двата лани во ВИП Арената, во организација на „Прагма продукција“, повторно ни донесе возбуда, спомени од младоста, и надеж како полесно да се помине староста. На концертите на Чолиќ, најомилената наша …

Среќни и испотени: Спектакуларен концерт на Чолиќ во Скопје Read More »