Ракометарите без Стоилов против Грција: На победа во Струмица


Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Данило Брестовац ги објави промените во списокот на ракометари за квалификацискиот натпревар против Грција. На местото на Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, и на местото на Томислав Јагуриновски ќе биде Мартин Серафимов.

Македонија денеска во 18 часот во салата „Парк“ во Струмица ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите против репрезентацијата на Грција. Пласманот на Европското првенство е обезбеден, но се бара победа како реванш за шокантниот пораз во Кожани пред половина година.