ССНМ и ЗНМ ги осудија заканите кон Героски, бараат реакција од институциите


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудуваат заканите што вчера биле упатени кон главниот уредник на „Плусинфо“, Бранко Героски. – Според информациите кои јавно ги објави Героски, извесен Борче Гиноски на социјалната мрежа му упатил директна закана со зборовите „Гледај да не те бањаат во …

ССНМ и ЗНМ ги осудија заканите кон Героски, бараат реакција од институциите Read More »

Самсунг галакси С10е – Адаптиран на вашите потреби


Десетгодишните истражувања и сознанија на компанијата Самсунг резултираа со серија уреди која се карактеризира со премиум перформанси за премиум искуство. Трите уреди Галакси С10+, С10 и С10е сведочат за иновациите на кои им нема крај. Го издвојуваме Самсунг галакси С10е, уред кој се адаптира за секоја ваша пригода: работа, уживање, хоби. Динамичниот АМОЛЕД екран со …

Самсунг галакси С10е – Адаптиран на вашите потреби Read More »

Роман за деца од Јасмина Кантарџиева-Димков: Во „Еднорозија“ ќе ги најдете сите чудеса


Во весела атмосфера, со многубројна детска публика, завчера во книжарницата „Литература.мк“ беше промовирана новата книга за деца „24 часа во Еднорозија“ од aвторката и новинарка Јасмина Кантарџиева-Димков. Во приказната од романот, кој е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, присутните ги воведе уредничката Бисера Бендевска. Преку интерактивен осврт таа ги запозна …

Роман за деца од Јасмина Кантарџиева-Димков: Во „Еднорозија“ ќе ги најдете сите чудеса Read More »

Дарко Талески изложува во Софија:  „Дали и ти си мигрант?“ е тема на која треба да се размисли


„Дали и ти си мигрант?“ е насловена изложбата на Дарко Талески која вчера беше отворена во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Авторот Талески ја пренесува приказната на пет локални прилепски уметници поврзани со темата миграција. Покрај него, уметници чии приказни се пренесени во анимираните постери се и Васил Костов, Лепа Милошевска, Јасмина …

Дарко Талески изложува во Софија:  „Дали и ти си мигрант?“ е тема на која треба да се размисли Read More »

Васил Христов го поставува Чехов во Турски театар


Турски театар – Скопје вечерва од 20 часот на сцената на „Театар комедија“ премиерно ќе ја изведе „Три сестри“ по мотиви од драмата на Антон П. Чехов, во адаптација и режија на Васил Христов, кому ова му е трета соработка со овој ансамбл во изминатите 25 години. На почетокот на 1990-тите Христов во Турски театар …

Васил Христов го поставува Чехов во Турски театар Read More »

Бугарските угостители очајни: Нема музика по 23 часот


Бугарските угостители се заканија со протести ширум земјата доколку не се смени новоусвоениот закон за контрола на бучавата. Според претседателот на бизнис заедницата Ричард Алибегов, законот е изменет без официјална јавна расправа и без консултации со претпријатијата. Парламентот ги усвои амандманите на Законот за заштита од бучава во животната средина со цел да се ограничи …

Бугарските угостители очајни: Нема музика по 23 часот Read More »

Бр. 439


Ерол Ризаов – Среќна и разочарана Македонија Кратерите на “Мариовска” ја дават Кисела Вода Антипартиски бунт за МКЦ Само Мицкоски не отиде кај новиот претседател Квалификациски испити ќе се полагаат само во Струмица Камионџиите ќе пријавуваат корупција од граница

За МКЦ ќе пресече Шилегов, културните работници против Шакири да биде директор


Кој ќе застане на чело на една од ретките институции од областа на културата која во изминатава декада и повеќе во континуитет редеше успеси и внимателно ја негуваше независната културна сцена? Младинскиот културен центар е едно од омилените прибежишта од политизираните секојдневија на илјадници љубители на уметноста од различни генерации. Град Скопје, под чија капа …

За МКЦ ќе пресече Шилегов, културните работници против Шакири да биде директор Read More »

Мртов маж најден кај браната Турија


Вчера во попладневните часови во близина на браната Турија кај Струмица е пронајдено безживотно машко тело, информира портпаролот на струмичката полиција, Хризантема Рендевска. – Извршен е увид на местото каде е пронајдено телото од страна на екипи на СВР Струмица и ОЈО Струмица и по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во …

Мртов маж најден кај браната Турија Read More »

Имамоглу пак ќе победи во Истанбул, покажуваат анкетите


Турскиот опозициски кандидат Екрем Имомоглу ќе победи на повторените избори за градоначалник на Истанбул на 23 јуни со девет отсто повеќе гласови во однос на неговиот ривал Бинали Јилдирим од владејачката партија, соопшти водечкиот турски анкетар „Конда“. „Конда“ ја спроведе последната анкета на 15 и 16 јуни и тоа со интервјуа лице в лице со …

Имамоглу пак ќе победи во Истанбул, покажуваат анкетите Read More »

Продолжуваат антивладините протести во Хонг Конг


Неколку стотици луѓе денеска повторно протестираа во Хонг Конг барајќи оставка од премиерката Кери Лам. Тоа е една од најголемите политички кризи во Хонг Конг во последните десетина години. Протестите траат неколку недели поради спорниот закон за екстрадиција на граѓаните на Хонг Конг во Кина. Противниците на законот наведуваат дека правниот систем на Кина нема …

Продолжуваат антивладините протести во Хонг Конг Read More »

МОН попушти под притисокот на родителите, сите учиници ќе се запишат без дополнителни тестови


Министерството за образование и наука донесе одлука и во средното стручно училиште „Димитар Влахов“ во Струмица кандидатите кои конкурирале за упис во училиштето да не полагаат приемен испит, велат за „Независен весник“ од МОН. Ваквата одлука Министерството ја донесе доцна синоќа, околу 21 часот, а со таа одлука 38 кандидати ќе бидат запишани во постоечката …

МОН попушти под притисокот на родителите, сите учиници ќе се запишат без дополнителни тестови Read More »

Ердоган: Испораката на ракетните системи С-400 од Русија ќе почне до 15 јули


Испораката на руските противракетни системи С-400 во Турција ќе почне во првите 15 дена од следниот месец, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Од моментот кога ќе почне испораката на системите, ќе бидат одреди локациите каде тие ќе бидат лоцирани, нагласи тој. Според него, зделката со Русија е направена со „многу добри услови за …

Ердоган: Испораката на ракетните системи С-400 од Русија ќе почне до 15 јули Read More »

Апликација што ќе ве натера да го оставите автомобилот наградена како зелена бизнис идеја


Био-смарт ориз, мобилна апликација која ги наградува еколошки одговорните граѓани и еко-центар за градење на животни вештини на деца се македонски зелените бизнис идеи избрани за учество на регионален натпревар. Во организација на здружението за социјални иновации „АРНО“, се одржа финалето на македонскиот натпревар за зелени бизнис идеи, а жирито ги избра идеите: „Challenger-Мобилна апликација …

Апликација што ќе ве натера да го оставите автомобилот наградена како зелена бизнис идеја Read More »

Само Мицкоски не отиде кај новиот претседател


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е можеби единствениот порелевантен лик на политичката сцена во земјава кој еден и пол месец по инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски не стапнал сè уште во неговиот кабинет. Откако Пендаровски уште во инаугуративниот говор остави широко отворени врати за соработка со опозицијата, низ претседателската резиденција во изминатиот период продефилираа …

Само Мицкоски не отиде кај новиот претседател Read More »

Ај бег ју донт стил ани мор


ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ Ангела имаа деведесет различни сакоа, за секоја пригода. Заев отишол со мотор на ѓомлезе. Донт спик инглиш ени мор, ај бег ју, му порача Ганка на Заев. Домаќинката среќна и задоволна кога ја прави запршката за омиленото јадење. Ова се само дел од насловите кои утринава ги читам по порталите. Би било смешно …

Ај бег ју донт стил ани мор Read More »

Торес ја заврши кариерата


Поранешниот фудбалер на Атлетико, Ливерпул, Челзи и шпанската репрезентација Фернандо Торес на Твитер го објави своето пензионирање. – Морам да објавам нешто многу важно. По 18 неверојатни години, дојде време за пензионирање. Следна недела, 23-ти јуни во 10 часот по локално време во Токио, ќе се одржи прес-конференција, при што ќе ги раскажам сите детали. …

Торес ја заврши кариерата Read More »

Трамп нареди, а потоа го откажа нападот врз Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп одобри напад врз Иран поради соборување на американското беспилотно летало, но по неколку часа тој се повлече и го откажа нападот, пишува „Њујорк тајмс”. Трамп, како што наведува неименувано официјално лице запознато со ситуацијата, првично одобри неколку воздушни напади врз радарите и ракетните системи. Било планирано воздушните напади да се спроведат …

Трамп нареди, а потоа го откажа нападот врз Иран Read More »

Макрон: Ќе ја поддржам Меркел како претседател на ЕК ако се кандидира


Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека ќе ја поддржи кандидатурата на германската канцеларка Ангела Меркел за претседател на Европската комисија, ако таа се кандидира. Тој тоа го рекол на брифинг по завршувањето на првиот ден од самитот на ЕУ, на кој лидерите не успеаја да се договорат кој да го замени Жан Клод Јункер …

Макрон: Ќе ја поддржам Меркел како претседател на ЕК ако се кандидира Read More »