Трамп: Не е ваша работа што ќе му кажам на Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп пред да отпатува синоќа на самитот на Г-20 во Осака, Јапонија, изјави дека нема намера да открие детали за што ќе разговара на средбата со неговиот руски колега Владимир Путин, што е предвидено да се одржи утре. Средбата Трамп – Путин е во фокусот на вниманието во САД бидејќи претходното слично …

Трамп: Не е ваша работа што ќе му кажам на Путин Read More »

Почна собраниската седница за избор на новите министри


Во Собранието денеска продолжи 103. седница на која се очекува да бидат изгласани новите министри во Владата на премиерот Зоран Заев. За нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен Трајан Димковски, а за министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Со Министерството за култура ќе треба да раководи Хусни Исмаили, додека …

Почна собраниската седница за избор на новите министри Read More »

Петар Атанасов не можел да се бори со ветерници, ќе си оди и од раководството на СДСМ


„Причината за мојата оставка не е тоа што не станав министер, туку неостварувањето на реформите во образованието“, вели Петар Атанасов за „Независен весник“. Тој нагласува дека голем дел од програмата која ја подготвувал со неговиот тим за партијата и за Владата не е реализиран. Атанасов открива дека пред два месеца разговарал со премиерот Зоран Заев, …

Петар Атанасов не можел да се бори со ветерници, ќе си оди и од раководството на СДСМ Read More »

(ВИДЕО) Авион во Сибир излета од писта и удри во зграда, двајца загинати


Две лица загинаа, а седуммина се повредени во несреќа при слетување на руски авион Антонов Ан-24 на регионалниот аеродром во руската република Бурјатија во Сибир, потврди руското Министерство за вонредни состојби. Во авионот, кој летал на релација од Улан Уде до Нижнеангарск, имало 46 патници и членови на екипажот. Руските власти објавија дека авионот за …

(ВИДЕО) Авион во Сибир излета од писта и удри во зграда, двајца загинати Read More »

Израел со обвинувања кон Русија заради попречување цивилни авиони


Израелските власти ја обвинија Русија дека е одговорна за необјаснето попречување на системите за сателитска навигација за цивилни авиони што летаат околу меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив. Руската амбасада во Израел ги отфрли таквите обвинувања како „лажни вести”, наведувајќи дека „не можат сериозно да одговорат”. „Досега нема несреќа или безбедносен инцидент, …

Израел со обвинувања кон Русија заради попречување цивилни авиони Read More »

Бабиш го преживеа гласањето за недоверба во чешкиот парламент


Милијардерот и чешки премиер Андреј Бабиш го преживеа гласањето за недоверба, иако се соочува со обвиненија за корупција, загриженост на ЕУ за можни конфликти на интереси и масовни протести со кои се бара негова оставка. Опозицијата не успеа да собере 101 глас во 200-члениот парламент за отстранување на владата на Бабиш, објавија АФП. 85 пратеници …

Бабиш го преживеа гласањето за недоверба во чешкиот парламент Read More »

Во Германија уапсен Босанец поради вмешаност во терористичкиот напад во Париз во 2015 година


Германската полиција уапси државјанин на Босна и Херцеговина под сомнение дека е поврзан со терористичките напади во Париз во 2015 година. Германските власти, не откривајќи го неговиот идентитет, наведоа дека подготвуваат негова екстрадиција во Белгија. Уапсениот се сомничи и дека е поврзан со терористички напади меѓу кои и нападот врз концертната сала Батаклан во Париз …

Во Германија уапсен Босанец поради вмешаност во терористичкиот напад во Париз во 2015 година Read More »

Судот во Будимпешта одлучува дали ќе го екстрадира Груевски во Скопје


Седум месеци од бегството на експремиерот Никола Груевски, судот во Будимпешта  одлучува денеска за негова екстрадиција,  врз основа на барањето што уште во ноември минатата година го  поднесе македонското Министерство за правда. Медиумите во Унгарија објавија фотографии и видео од Груевски во судот, каде што тој во судницата седи со наочари за сонце и капче. Дел …

Судот во Будимпешта одлучува дали ќе го екстрадира Груевски во Скопје Read More »

Димитров на состанок на Организацијата за црноморска економска соработка во Софија


На покана на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска  економска  соработка, утре во Софија, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, ќе  учествува на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка. Се очекува, соопштија денеска …

Димитров на состанок на Организацијата за црноморска економска соработка во Софија Read More »

Филхармонија ќе свири песни од „Рејдиохед“, „Продиџи“, Ник Кејв…


По фантастичниот прв концерт „Ну погоди“, кој го проследија илјадници вљубеници во музиката од најразлични генерации, следува премиерна изведба на вториот концерт во рамки на циклусот „Филхармонија на отворено“. В сабота, во 21 часот, во Градскиот парк премиерно ќе прозвучи концертот насловен „Љубов и револуција“ на кој публиката ќе има можност да ги чуе најпопуларните …

Филхармонија ќе свири песни од „Рејдиохед“, „Продиџи“, Ник Кејв… Read More »

Промоција на стрип-магазинот „Деветка“


Промоцијата на новиот број на стрип-магазинот „Деветка“ ќе се одржи в петок, 28 јуни, во кафе „Ли“ со почеток во 20 часот. „Покрај голем број на домашни македонски стрип-автори, имаме застапено повеќе гости автори, од Србија, Турција, па и од Јапонија. Тука се и веќе стандардните текстуални рубрики, „Мини стрип курс“, „Стрип рецензија“, и „Интервју“, …

Промоција на стрип-магазинот „Деветка“ Read More »

Хит-серијата „На лош пат“ ќе добие продолжение


Ѕвездите на хит-серијата „На лош пат“, Брајан Кренстон и Арон Пол, скоро истовремено, објавија иста слика од две магариња, со истиот придружен коментар: „Наскоро“. – Со нетрпение го чекам ова – напиша сценаристот на серијата Питер Гоулд на една од објавите. Сè ова уште еднаш ги разгоре гласните за можен филм продолжение на светската хит-серија …

Хит-серијата „На лош пат“ ќе добие продолжение Read More »

Дарт Вејдер кандидат за пратеник во украинскиот парламент


Киевскиот Дарт Вејдер е регистриран како кандидат за пратеник во украинското собрание од државната Централна изборна комисија. Тој така и се потпишал во пријавата, како Дарт Вејдер. Го искористил последниот рок на 21 јули и барањето за кандидатура му е прифатено. Кандидатот е роден 1987 година и е украински државјанин. Тој е регистриран како независен …

Дарт Вејдер кандидат за пратеник во украинскиот парламент Read More »

СДСМ и ДУИ треба да гласат „против“ Тевдовски и Лика


Листата на министри за разрешување се сведе на тројца, откако пред вчерашната собраниска седница во парламентот стигнаа оставките на досегашните челници во земјоделство и во животна средина, Љупчо Николовски – кој стана генерален секретар на СДСМ, и Садула Дураки, кој ротира во новото Министерство за политички систем. Овие две оставки беа констатирани во почетокот на …

СДСМ и ДУИ треба да гласат „против“ Тевдовски и Лика Read More »

(Видео)Падна патнички авион во Русија, пилотите загинаа, патниците спасени!


Авион марка „Ан-24“ на руската авиокомпанија „Ангара“ падна во руската област Бурџатија. Двајцата пилоти кои го управуваа леталото загинаа, но сите патници во авионот го преживеаја падот. Локалните медиуми јавуваат дека сите 42 патници биле живи извадени од остатоците од авионот, а 19 од нив завршиле во болница поради повреди. На авионот кратко по полетувањето …

(Видео)Падна патнички авион во Русија, пилотите загинаа, патниците спасени! Read More »

Трамп и Ким за година и пол размениле 12 писма


Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун од почетокот на минатата година разменија вкупно 12 писма, од кои осум се од Ким, соопшти јужнокорејското Министерство за национално обединување. – Од 2018 година досега, лидерот Ким напишал осум писма до претседателот Трамп, кој, пак, му испратил на Ким четири, изјави министерот за национално …

Трамп и Ким за година и пол размениле 12 писма Read More »

Гвардиола: Нема да зборувам за Нејмар, тоа е работа на Барселона


Поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, одби да ги коментира шпекулациите за можното враќање на Нејмар во каталонскиот клуб. Бразилецот може да биде дел од Каталонците вќе ова лето. – Нема да кажам ништо за Нејмар, ова не е моја работа, тоа си е работа на Барселона. Поминав многу време во овој клуб, па не …

Гвардиола: Нема да зборувам за Нејмар, тоа е работа на Барселона Read More »

Заев не стигна да го наследи Тевдовски


  Премиерот Зоран Заев се „сопна“ пред самиот влез во зградата на Министерството за финансии. За малку недостигаше да стане и прв финансиер и да плати глоба од минимум 300 евра. Антикорупциската комисија, сепак, реагираше навреме и спречи премиерот и формално да ги удвои функциите, со тоа што за малку ќе беше избран и за …

Заев не стигна да го наследи Тевдовски Read More »

Специјалниот обвинител Милер ќе сведочи во Конгресот


  Роберт Милер ќе даде исказ пред Конгресот на 17 јули. На претседателот Трамп ова нема да му се допадне Роберт Милер искажал подготвеност на 17 јули да одговара на прашања на јавна седница на комисиите за правда и за тајни служби на Претставничкиот дом, соопшти претседателот на Комисијата за правда, Џери Недлер, на Твитер. …

Специјалниот обвинител Милер ќе сведочи во Конгресот Read More »

Средба Путин-Трамп во петок, на маргините на состанокот Г20 во Осака


Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во петок ќе имаат едночасовна средба на маргините на самитот Г20 во јапонскиот град Осака, изјави советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Тој рече дека двајцата претседатели најверојатно ќе разговараат за прашања за регионалната стабилност, вклучувајќи ги Сирија, Венецуела и Иран. Според Ушаков, Путин планира …

Средба Путин-Трамп во петок, на маргините на состанокот Г20 во Осака Read More »