За да нема царини по „Брегзит“- Македонија и Британија договараат слободна трговија


Македонија се подготвува за тврд „Брегзит“. Првичната верзија на нацрт-договорот за слободна трговија меѓу двете држави веќе се разгледува од експерти на двете страни, откако претходно биле договорени деталите на два состаноци меѓу претставниците на Велика Британија и Македонија, велат владини извори за „Независен весник“. Откако договорот ќе се усогласи, треба да помине низ парламентите …

За да нема царини по „Брегзит“- Македонија и Британија договараат слободна трговија Read More »

Македонска премиера на „Господ постои, името и е Петрунија“


Македонската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска по неверојатниот успех на Берлинскиот Филмски Фестивал и освоените две награди (престижната наградата на Екуменското жири и наградата на германскиот еснаф на независни киноприкажувачи) ќе ја има македонската премиера в четврток во кино Синеплекс, Скопје и в петок во кино Милениум. …

Македонска премиера на „Господ постои, името и е Петрунија“ Read More »

Џафери во Романија и Литванија на ратификацијата на Протоколот за НАТО


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од денеска до 14 март ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија. Спикерот на Собранието ќе биде  во придружба на пратеникот Панчо Минов. Џафери во собранијата на двете земји членки на ЕУ и НАТО ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување …

Џафери во Романија и Литванија на ратификацијата на Протоколот за НАТО Read More »

Снег, ветер и магла на Шапка, Тетово, Гостивар, Маврово, Крива Паланка


Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен изутринава има на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во североисточните и …

Снег, ветер и магла на Шапка, Тетово, Гостивар, Маврово, Крива Паланка Read More »

Јункер: Ако Лондон не замине од ЕУ до 23 мај ќе бира свои европратеници


Белгија- Велика Британија треба да ја напушти Европската унија пред европските избирачи да гласаат за нов Европски парламент меѓу 23 и 26 мај. Во спротивно ќе треба да изберат свои европратеници. Тоа го нагласува претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. – Напуштањето на Лондон треба да заврши пред европските избори кои ќе се одржат меѓу …

Јункер: Ако Лондон не замине од ЕУ до 23 мај ќе бира свои европратеници Read More »

Ново рочиште за „ТНТ“, ќе се сослушуваат сведоци


Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство. На претходното рочоште на 26 февруари одбраната изнесуваше докази. Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој е меѓу обвинетите за предметот за уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“, читаше вештачења од документацијата за предметот, како и судски пресуди, кои …

Ново рочиште за „ТНТ“, ќе се сослушуваат сведоци Read More »

Иванов се инаети со парламентот


Претседателот Ѓорге Иванов ставил вето на 11 закони што ги донеле пратениците – дел од нив реформски и изгласани со консензус. Причина за тоа, најверојатно, е што на нив стоело новото име на државата – Северна Република Македонија. Овие закони сега треба да одат на повторно гласање во парламентот и за нив треба да се …

Иванов се инаети со парламентот Read More »

Интимен амбиент и уважени гости: Хит е да имаш поп-концерт во Филхармонија


По Македонија и регионот, домашната поп-естрада ја освојува јавноста со концерти во Македонската филхармонија. Сака убав, полн звук, песните да звучат како симфонија, со оркестар, интимно и отмено, дотерана, со дотерани и уважени гости. Класичен амбиент место стадиони со неудобни столчиња, турканица за влез, турканица за излез, скриени пушачи кои ги открива чадот од цигари. …

Интимен амбиент и уважени гости: Хит е да имаш поп-концерт во Филхармонија Read More »

Облачно, со врнежи од дожд


Денеска времето во целата земја ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег. Ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Попладне врнежите ќе престанувааат, а до крајот на денот облачноста ќе се намали. Дневните …

Облачно, со врнежи од дожд Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Планетите во Бик бараат егзактност: трипати мери, еднаш сечи – тоа е вистинската мера. Бидете нежни и рецептивни и така ќе освоите многу симпатии. Умереноста е доблест која што отвора нови врати во перцепцијата и сега треба да го научите ова. Без дефетизам, понудете се да сослушате некој и сменете го ставот. Љубезност. БИК: Бавни и …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Interpelanca e Oliver Spasovskit nuk kaloi në Kuvend


Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut sonte me 59 vota “kundër”, 20 vota “pro” dhe pa abstenim nuk e votoi interpelancën e shtruar nga opozita për ministrin e Punëve të Brendshme, Oliver Spasovski. Debati u zhvillua në drejtim të qëndrimeve të kundërshtuara midis pozitës dhe opozitës për cilësinë e punës së ministrit Spasovski, sa …

Interpelanca e Oliver Spasovskit nuk kaloi në Kuvend Read More »

Заев се извини за лапсусот на комеморацијата за депортираните Евреи


Премиерот Зоран Заев на вечерашната комеморативна свеченост по повод 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи направи лапсус и наместо трагедија, рече традиција, пишува порталот Фокус. По ова, тој се извини на Фејсбук. -Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното …

Заев се извини за лапсусот на комеморацијата за депортираните Евреи Read More »

Оливер Спасовски останува министер за внатрешни


Собранието на Република Македонија вечерва со 59 гласа „против“, 20 гласа „за“ и без воздржани не ја изгласа поднесената интерпелација од опозицијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Дебатата се водеше во насока на спротивставување на ставовите меѓу власта и опозицијата за квалитетот на работата на министерот Спасовски, колку тој е компетентен и одговара …

Оливер Спасовски останува министер за внатрешни Read More »

Голема површина трска гори кај Асамати


Голема површина трска е зафатена во пожар кој дивее во близина на преспанското село Асамати. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Ресен, Дирекцијата за заштита и спасување и други релевантни институции го обезбедуваат теренот, но поради непристапноста не можат да интервенираат. Командирот на ТППЕ Ристе Илиевски во изјава за МИА потврди дека се работи за …

Голема површина трска гори кај Асамати Read More »

Трамп бара 500 милиони долари за борба против влијанието на Русија во Европа


Во предлог буџетот за 2020 година, што американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предложи на усвојување до Конгресот, се предвидени 500 милиони долари за борба против влијанието на Русија во Европа, Евроазија и Централна Азија. Во делот насловен „Борба против злонамерното руско влијание“ се предвидени 500 милиони долари „во полза на општата безбедност, заштита на …

Трамп бара 500 милиони долари за борба против влијанието на Русија во Европа Read More »

Пожар во село Саса


Силен пожар беснее во атарот на село Саса, во непосредна близина на Аризанско и Османлиско маало. Зафатен е поголем дел на сува трева, папрат и букова шума. Пожарот како што информираат од ТППЕ во Македонска Каменица се уште е активен, но поради непристапниот терен и отежнатите услови за гаснење во вечерните часови, гаснењето е прекинато. …

Пожар во село Саса Read More »

Гуаидо повика на масовни протести поради прекинот на струја


Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо повика утре на масовни протести во целата земја поради прекинот на електрична енергија, која ги остави милиони луѓе во мрак во последните четири денови. – Утре во 15 часот цела Венецуела да излезе на улиците, изјави Гуаидо во обраќање во Парламентот.

Пауза од еден час за интерпелацијата на Спасовски на барање на опозицијата


Расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Собранието на Република Северна Македонија ќе продолжи по пауза од еден час, на барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Паузата од еден час ја побара пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ поради, како што рече, партиски причини. Претходно претседателот на Собранието Талат Џафери информира дека по координацијата …

Пауза од еден час за интерпелацијата на Спасовски на барање на опозицијата Read More »

Невреме во Хрватска – бура, дожд и снег


Во Хрватска денеска дојде до промена на времето, а бура, грмотевици и град го погодија хрватското крајбрежје, додека пониските предели ги зафати и снег. Денешните прогнози покажуваат дека во Хрватска покрај намалувањето на температурата дождот постепено ќе преминува во снег, а на брегот е вклучен дури и црвен метеоаларм. Долж крајбрежјето врнело дожд, имало и …

Невреме во Хрватска – бура, дожд и снег Read More »

Тројца кандидати ги собраа потписите за претседателските избори


Само тројца од девет кандидати ќе влезат во трката за претседател на државата на 21 април. Државната изборна комисија денеска потврди дека Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река во предвидениот законски рок ги собрале потребните потписи. – Од вкупно девет кандидати кои собираа потписи во нашите подрачни одделенија и канцеларии, најмалку 10.000 потписи што …

Тројца кандидати ги собраа потписите за претседателските избори Read More »