Русија ќе го гаси интернетот


Русија – Руските власти обезбедија правни можности за гасење на интернетот во земјата, откако, со потпис од претседателот Владимир Путин, контроверзниот закон стапи во сила. Руската влада планира да создаде инфраструктура за „суверен“ интернет, што го претстави како неопходност за одбрана против надворешни кибер-напади. Руските медиуми уште завчера јавија дека владата се подготвува повторно да ја […]

Инспектори и полицајци ќе ловат загадувачи


Тимови составени од претставници на државните инспекторати заедно со општинските инспектори, придружувани од еден полициски службеник од вчера секојдневно и заеднички ќе патролираат насекаде низ земјава со цел да се подобрат состојбите во областа на загадувањето на амбиенталниот воздух и животната средина и да се спречи загадувањето. Тоа, како интервентна краткорочна мерка, е одлучено да […]

Три клуба заинтересирани за Емре Џан


Италија– Три клуба се заинтересирани за играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан. Германецот не се вклопи во плановите на тренерот Маурисио Сари, кој дури го остави надвор од составот за Лигата на шампионите. Се чини дека клубот ќе бара купувач во јануари и се чини дека веќе има кандидати за неговиот потпис. Најновите […]

Почна рокот за поднесување барања за субвенции за поставување плински уреди во возилата


Во следните 30 дена сите возачи што сакаат да стават плински уреди во своите автомобили, ќе може да аплицираат за субвенции во Министерството за економија. Рокот за поднесување барања почна вчера, а процедурата, како што објасни денеска ресорниот министер Крешник Бектеши, е многу едноставна. -Потребно е само да се достави барање до Министерството и да […]

Комедијата „Слуга на двајца господари“ премиерно во велешкиот театар


Комедијата „Слуга на двајца господари“ според италијанскиот автор Карло Голдони, во адаптација и режија на Ненад Витанов вечерва ќе биде премиерно изведена на на Големата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес. Сценографијата за претставата е на Филип Витанов, костимите на Катерина Чукниева, а во претставата настапуваат актерите: Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Зорица П.Панчиќ, Кристијан […]

ОТА заклучно со септември посредувала во 369 комуникации


Една година откако работи Оперативно-техничката агенција (ОТА) директорот Зоран Ангеловски изразува задоволство од начинот на кој функционира и нагласува дека е основана со цел да оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации. Во интервју говори за улогата, надлежностите, можноста за злоупотреба, при што истакнува дека не постои можност повторно да ни се […]

Откриена нова вакцина против туберкулоза


САД– Секоја година, 10 милиони луѓе во светот заболуваат од туберкулоза, во моментов водечка причина за смртни случаи од заразни болести, а овој тренд би можел да се промени дури и со делумно ефикасна вакцина, пишува Њујорк тајмс. Новата експериментална вакцина заштити околу половина од луѓето што ја примиле, а може да означи пресвртница во […]

Бугарскиот патријарх Неофит: Бугарската црква и дава целосна поддршка на МПЦ


Бугарија – Бугарската православна црква ќе продолжи да ги поддржува Македонците, сето она што го сторивме досега е корисно за двата братски народи, изјавил за БГНЕС бугарскиот патријарх Неофит. Патријархот ја истакнал важноста на заедничката бугарско-македонска црковна комисија, со која претседава бугарскиот митрополит Кипријан. -Што и да е направено под негово водство, ќе имаме можност да […]

Заев: Партиите да се спремат за избори на 12 април 2020 година


-Политичките партии да си ги спремат листите за кандидатит за пратеници за предвремените Парламентарни избори на 12 април 2020 година, бидејќи целата постапка околу ратификацијата за членството во НАТО се очекува да биде завршена до 11 февруари, кога се распушта актуелниот парламентарен состав, истакна денеска премиерот Зоран Заев  по денешното поставување на првиот електричен столб […]

Една изборна единица е подобра и за големите партии


ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА Со години македонското општество дебатира за потребата од промена на изборниот модел, со Македонија како една изборна единица и со отворени листи, а некои велиме – и со еднаков број жени и мажи на листите. Резултатот е силно нарасната свест за потребата од вакви промени кај граѓаните и кај најголем дел од политичките […]

(Фото) Моден викенд Скопје: Публиката диктира трендови


Што е тренд во модата синоќа видовме и на писта и во публика, на јубилејниот 20. Моден викенд Скопје во Музејот на град Скопје. Исто така, класика и ексцентричен стил, оригинал и фалсификат, кич и вкус. Скопјани сакаат да се дотеруваат, да се буткаат за прв ред покрај писта, да се забавуваат на хитови на […]

Заев: Прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати


–Прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати од причина што земјава е опкружена од земји каде што даноците се многу ниски и генерално имаат рамен данок, истакна денеска Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев по денешното поставување на првиот електричен столб од новиот далековод од Штип кон Пробиштип. Смета дека е ретко […]

(Фото) Политичари и обвинители на премиерата на „Врба“ на Милчо Манчевски


Синоќа, во Македонската филхармонија се случи премиерата на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски. На црвениот килим продефилираа многу препознатливи ликови од политичката и јавна сцена. По завршувањето на проекцијата, филмската екипа се поклони пред публиката, која на нозе со овации и френетичен аплауз ги поздрави. По проекцијата, на коктелот присутните имаа шанса и […]

Аваз: Норвешки модел или поправен испит за влез во ЕУ


БиХ – Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) објави документ во кој се сугерира дека приближувањето на балканските земји кон ЕУ треба да биде по модел на Норвешка. Тоа значи дека земјите од регионот би имале поголеми економски привилегии за напредок со реформите, додека формалното влегување во ЕУ ќе биде нешто на што ќе се чека.  ЕСИ […]

Меркел најави еколошко партнерство со Индија


Индија – Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека нејзината земја во наредните пет години, во рамки на новото германско-индиско партнерство, ќе потроши една милијарда евра за проекти за зелена урбана мобилност. Меркел, која е во придружба на деловна делегација, започна разговори со индискиот премиер Нарендра Моди, кои ќе се фокусираат на трговијата, инвестициите, регионалната безбедност […]

Сасоли: По блокадата, ЕУ перспективата на Северна Македонија е пожива од вчера


Белгија– Во интервју пред неговата посета на Северна Македонија в понеделник, новоизбраниот претседател на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, вели дека блокадата на преговорите во ЕУ ја освести европската јавност за важноста на ова прашање. За Сасоли, француското вето на последниот самит е само мала пречка на патот која ќе се надмине во наредните месеци. Претседателе, […]

Чад Волф нов вд министер за внатрешна безбедност на САД


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп го именува Чад Волф за вршител на должноста министер за внатрешна безбедност на САД. Волф ќе биде петти раководител на тоа министерство во администрацијата на Трамп. Одговарајќи на новинарско прашање дали Волф ќе биде следниот министер, Трамп рече: „Тој веќе тоа го работи, ќе видиме што ќе се случи“. Портпаролот […]

(Фото) Славеничка модна торта во Скопје: Моден викенд за сечиј вкус


Многубројната дотерана публика синоќа вкуси од славеничката модна торта на 20.Моден викенд во Скопје, му посака уште многу успешни сезони, ѝ понатаму да се дружиме на ревии, да си ја промовираме гардеробата, да видиме и да бидеме видени и да ги поддржиме домашните и странските дизајнери, но и спонзори. Целиот амбиент одлично осмислен во Музејот […]

Утре изменет сообраќаен режим поради „Скопје на точак 2019“


Посебен режим на сообраќајот ќе биде воведен утре во Скопје поради велосипедската трка „Скопје на точак 2019“. Трката почнува во 11.00 часот, а трасата на движење на учесниците со велосипед ќе биде од фонтаната „Лотос“ во Градски парк, право по булеварот „Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, лево по бул.„Партизански одреди“, лево по бул.„ВМРО“, па десно по […]

Надал продолжува без загубен сет во Париз


Франција– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го совлада Жо-Вилфред Зонга со 7-6 (7-4), 6-1 и се квалификуваше во полуфиналето на „Мастерс“ турнирот во Париз. Надал го скрши отпорот на Французинот за 1 час и 35 минути и продолжува напред во турнирот без да изгуби сет. Негов противник на патот кон финалето ќе биде Денис Шаповалов, кој […]