Три клуба заинтересирани за Емре Џан


Италија– Три клуба се заинтересирани за играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан.

Германецот не се вклопи во плановите на тренерот Маурисио Сари, кој дури го остави надвор од составот за Лигата на шампионите. Се чини дека клубот ќе бара купувач во јануари и се чини дека веќе има кандидати за неговиот потпис.

Најновите информации се дека Џан го привлекол вниманието на Пари Сен Жермен, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Така може да бидеме сведоци на интересна трансфер борба за правата на 25-годишниот играч од средниот ред.

Џан беше ангажиран во Јувентус во 2018 година како слободен агент од Ливерпул. Досега тој има 33 натпревари и 4 гола во Серија „А“ со екипата на „бјанконерите“.