(Фото) Моден викенд Скопје: Публиката диктира трендови


Што е тренд во модата синоќа видовме и на писта и во публика, на јубилејниот 20. Моден викенд Скопје во Музејот на град Скопје. Исто така, класика и ексцентричен стил, оригинал и фалсификат, кич и вкус.

Скопјани сакаат да се дотеруваат, да се буткаат за прв ред покрај писта, да се забавуваат на хитови на 80-тите, да пијат кафе, вода, вино и виски, за време на ревиите и на паузите, да се сликаат селфи и да се фалат дека синоќа биле на Моден викенд во Скопје.

Одржувањето  на модниот настан во убавите сали на Музејот на град Скопје , кое вклучува и задолжителен сеир и дружење, не релаксира од политизираното секојдневие околу нас.

Во публиката имаше и познати дами, и убавици од помладата генерација, блогерки и инфлуенсерки од Обединети Арапски Емирати, кои безбедно и комфорно слетаа во нашата метропола, благодарение на авио-компанијата Qatar Airways. (Л.С.)

Фото: Борис Грданоски