Со нож повредени осум лица во Јордан


Во популарното туристичко место Јераш, во северниот дел на Јордан, напаѓач избодел осум лица, меѓу кои четворица странски туристи и нивниот водич. Јорданскиот министер за здравство Фајез Џабер изјави дека се повредени тројца државјани на Мексико, еден Швајцарец и четворица граѓани на Јордан. Локалните медиуми објавија дека напаѓачот повредил и еден полицаец пред да биде […]

Фејсбук има ново лого


По бројните скандали и пропусти со податоците и приватноста на корисниците, компанијата Фејсбук се менува, но не така што нешто ќе поправи (на тоа сè уште се работи), туку со потег во насока на визуелниот идентитет на компанијата. По 15 години постоење, Фејсбук има ново лого, а од компанијата разјаснија неколку работи, како и интеграцијата […]

Одлуката за штрајк на вработените во ФЗО во мирување, договорени одредени чекори за изнаоѓање решение


Имавме средба со претставници на УПОЗ, договоривме одредени чекори кои заеднички ги преземаме со цел да се изнајде заеднички прифатливо решение и тоа ќе го работиме во периодот кој следи, во наредните две до три недели и верувам дека на крајот ќе излеземе со предлог кој ќе биде на општо задоволство, истакна денеска директорот на […]

Се бара заедничко родителство на детето после развод


Укинување на доделување на децата кај еден родител по развод, заедничкото родителство да биде правило, освен во исклучоци, нов систем за одредување и воведување алиментација, воведување семејна извршителска служба, советувалишта за парови по постапка на развод, регулирање на постапките во центрите за социјална работа, санкционирање на лажните пријави за насилство, педофилија или злоупотреба на деца […]

Црна Гора: Прва крштевка на трансродно лице во Подгорица


Вук Аџиќ е крстен во храмот на Христовото спасение во Подгорица, а тоа е воедно и прва крштевка на трансродно лице пред операција на корекција на полот. Аџиќ неколку недели со ред денот го почнувал истиот начин – станувал и ѕвонел на телефон во Митрополијата црногорско-приморска и не се откажал додека не добил состанок и […]

Жбогар: Рано е да се зборува за нова методологија, ЕУ останува тука со или без датум за преговори


Високата политика треба да се остави во Брисел, а Делегацијата на ЕУ останува тука, без оглед дали земјава добила или не датум за почеток на преговори со Унијата, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар во однос на новата методологија на преговарање, пред почетокот на Работилницата за финансиска поддршка што ја овозможува ЕУ. – Многу е рано […]

РКЕ: Нема логика да работат топланите на високи температури


Во услови кога надоврешната температура  во текот на денот е околу 23 степени Целзиусови не гледам логика во вечерните часови да работат топланите, бидејќи на тој начин само се троши гориво кое има најголемо влијание врз крајната цена што ја плаќаат потрошувачите за потрошената топлинска енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) […]

Ирачанка која нелегално влегла во Хрватска, се породила во шума


  Ирачанка во поодмината бременост, за која се сомневаат дека нелегално влегла во Хрватска, во вотрникот попладне се породила во шума. Според хрватските медиуми, припадниците на полицијата вчера во попладневните часови затекнале двајца странски државјани на глинското подрачје, за кои се посомневале дека нелегално влегле во хрватска. Полицијата соопшти дека жената била во поодмината бременост […]

Sistina sues Boki 13 for unpaid hospital bills


Today’s hearing, in which the private clinic Sistina is demanding 634,251 denars from the defendant in the Racket case, Bojan Jovanovski-Boki 13, has been adjourned after the defendant’s lawyer’s power of attorney has been canceled. The debt of more than 10,000 euros is based on unpaid surgery at the Sistina clinic, which is owned by […]

Автобусот на Дурмо турс имал вграден уред со кој се манипулирала брзината на движење


Во автобусот на Дурмо турс имаше вградено уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента, изјави на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци еден од возачите, што на денот на несреќата со истиот автобус на Дурмо турс возел на релацијата од Гостивар до Скопје. Тој кажа дека биле група од тројца […]

Власта и опозицијата во Србија со обвинувања за синоќешните настани


Членови и функционери на Српската напредна странка (СНС) најостро го осудија синоќешното однесување на еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС) и преседател на Двери, Бошко Обрадовиќ, пред РТС, додека српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше на државниот јавен сервис. Oд СНС изјавија дека Обрадовиќ повикувал на линч на српскиот претседател, а неговото однесување било […]

Spasovski: Elections will not prolong the vetting process


The process of vetting the police is underway. The model has been selected, a working group has been set up to work on whether to move to a new law or amend the legal solutions. It should be completed by the beginning of next year and then the review will start. This was stated by […]

„Систина“ го тужи Боки 13 за неплатен долг за операција


Денешното рочиште на кое Систина бара 634.251 денари отштета за долг направен од обвинетиот во случајот со рекетот Бојан Јовановски-Боки 13 е одложено откако е откажано полномоштвото на адвокатот на тужениот. Долгот од над 10 илјади евра е врз основа на неплатена операција во клиниката „Систина“, во која сопственички врски има и сведокот за „рекетот“ […]

Косово: Доколку нема поплаки, ЦИК утре ќе ги соопшти конечните изборни резултати


Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), по пребројувањето на сите гласови од вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври, објави дека доколку нема поплаки до надлежните институции, конечните резултати ќе ги објави во текот на утрешниот ден. Портпаролот на ЦИК Ваљмир Елези за порталот „Газета експрес“ изјави дека, откако синоќа околу полноќ заврши броењето и […]

Макрадули: Во првите шест месеци од годинава казнети 242 загадувачи


Само во првите шест месеци од годинава државните инспектори казниле 242 субјекти и загадувачи на животната средина, што е значително повеќе во однос на лани, кога биле изречени 110 казни, истакна денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на презентацијата на проектите од областа на животната средина, кофинансирани преку повеќе инструменти […]

Секој отселен млад човек ја чини државата 15.848 евра годишно


Државата губи по 15.848 евра на годишно ниво за секој отселен млад човек, алармираат од Мрежата за спречување на одлив на мозоци во која членуваат седум граѓански организации. Оттаму велат дека нема конкретни податоци за тоа колкав е бројот на млади луѓе кои ја имаат напуштено државата, но сметаат дека повеќе од неопходено е да […]

Путин сака руска „Википедија“, вложува 27 милиони долари до 2022 година


Рускиот претседател Владимир Путин   предложи дека Русија би требало да има сопствена верзија на Википедија со цел да се претстави во „добар и модерен облик”. Во тој проект ќе бидат вложени 27 милиони долари до 2022 година. Руските власти на 1 ноември добија овластување за исклучување на интернетот во земјата, а владата планира да создаде инфраструктура […]

Фон дер Лaјeн бара од британската Влада да испрати еврокомесар


Новоизбраната претседателка на Европска Комисија, Урсула фон дер Лaјeн денеска испрати писмо до британскиот премиер Борис Џонсон во кое бара од неговата Влада да испрати кандидат за еврокомесар, потврди ЕК. Со одлагањето на Брегзит до крајот на јануари 2020 година, неизвесно беше дали Обединетото Кралство ќе има свој еврокомесар во идниот состав на ЕК, кој […]