„Систина“ го тужи Боки 13 за неплатен долг за операција


Фото: Б. Грданоски

Денешното рочиште на кое Систина бара 634.251 денари отштета за долг направен од обвинетиот во случајот со рекетот Бојан Јовановски-Боки 13 е одложено откако е откажано полномоштвото на адвокатот на тужениот.

Долгот од над 10 илјади евра е врз основа на неплатена операција во клиниката „Систина“, во која сопственички врски има и сведокот за „рекетот“ Орце Камчев.

Расправата е одложена за 20-ти декември.

Боки 13 е обвинет заедно со Катица Јанева и Зоран Милевски во предметот „Рекет” на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Пред скопска Апелација Јовановски се жалеше дека животот му е во опасност поради интервенцијата во „Систина“. Тој беше пренесен и во градската болница „Осми септември” поради болки и нагон за повраќање.