Со нож повредени осум лица во Јордан


Во популарното туристичко место Јераш, во северниот дел на Јордан, напаѓач избодел осум лица, меѓу кои четворица странски туристи и нивниот водич.

Јорданскиот министер за здравство Фајез Џабер изјави дека се повредени тројца државјани на Мексико, еден Швајцарец и четворица граѓани на Јордан.

Локалните медиуми објавија дека напаѓачот повредил и еден полицаец пред да биде уапсен. Повредените веднаш биле префрлени в болница, а двајца од нив се наоѓаат во критична состојба и се пресени со хеликоптер во главниот град Аман, оддалечен 60 километри од местото на инцидентот..

Нападот се случил во археолошкото место Јераш, познато по добро зачуваните остатоци од римските градови. Засега не се соопштени никакви детали за напаѓачот.