Британскиот премиер го спореди Корбин со Сталин


Британскиот премиер Борис Џонсон, пред денешното официјално започнување на кампањата на владејачката Конзервативна партија за изборите на 12 декември, го спореди својот главен политички ривал со советскиот диктатор Joсиф Сталин. Во статија за весникот „Дејли телеграф“, Џонсон вели дека лидерот на Лабуристичката партија Џереми Корбин ќе ги „зголеми даноците толку неконтролирано“, што ќе го уништи […]

Angelovska: Progressive tax is not scrapped, focused on designing a fair, efficient and comprehensive solution


Progressive tax is not scrapped, but put on hold. Efforts in the coming period will be focused on designing an optimal solution, a fair, efficient and comprehensive one, North Macedonia’s Finance Minister Nina Angelovska told the public broadcasting service. The minister of finance added that the government’s decision on progressive taxation demonstrates sobriety and decision-making […]

Шпанската влада праќа илјадници полицајци во Каталонија


Шпанската влада одлучи да прати илјадници полицајци во Каталонија на ден пред парламентарните избори на 10 ноември. Оваа одлука следеше по бројните улични протести на радикалните приврзаници за независност на Каталонија. На тој начин властите сакаат да ги спречат нередите на улиците, како неодамнешните кога беа повредени околу 600 лица, а уапсени се 200, пренесе […]

Спасовски: Изборите нема да го пролонгираат ветингот во МВР


Процесот на ветинг во полицијата тече. Избран е моделот, формирана е работна група која ќе работи на тоа дали да се оди на нов закон или измена на законските решенија. Тоа треба да заврши до почетокот на следната година и оттогаш да почне проверката. Ова го истакна министерот за внатрешни работи одговорајќи на новинарски прашања […]

Никола Ѓуричко ќе ве насмее до солзи со стенд ап шоу во Скопје и Штип


Во Скопје гостува познатиот српски актер, продуцент и водител, Никола Ѓуричко со свое стенд ап шоу, „Сè што сте сакале да знаете за Џони, а не сте смееле да го прашате“. Шоуто ќе се одржи на 15-ти ноември, петок, во Домот на АРМ, додека следниот ден, 16-ти ноември, штипјани ќе имаат можност да го гледаат […]

Филипче: Француската фирма Bouygeus и германската Vamed во трка за изградба на Клинички


Две компании се во втората фаза од процесот за избор на фирмата, што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје – Vamed и француската Bouygues construction, изјави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Фактор. „Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, фазата на евалуација заврши, останаа две компании германската […]

Хаос во Црна Гора: Се излеаја реки, поплавени се куќи


Новите врнежи во Црна Гора донесоа нови проблеми ширум земјата – реките се излеаја, поплавени се куќи и кафулиња, сообраќајот е отежнат, а спасувачите се на терен. Поради лошите метеоролошки ситуации во Никшиќ повторно е затворен сообраќајот преку Мокра нива, а најкритично е во Горно поле, пренесе ЦдМ. Од Службата за заштита и спасување соопштено […]

Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово заедно ќе имаат 61 пратеник


Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) се очекува денеска, еден месец по гласањето на вонредните парламентарни избори, да ги објави конечните резултати, според кои се очекува досега опозициските Движење Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) заедно да имаат мнозинство од 61 пратеник во 120-членото Собрание на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. […]

Македонските винарници промовирани во Швајцарија


Промоцијата што се одржа во вторникот, во Цирих во организација на Здружението Вина од Македонија е дел од низата промотивни настани за градење препознатливост на македонските вина на интернационалните пазари. На промотивниот настан во Цирих седум македонски винарници (Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Езимит) заеднички ги презентираа своите вина пред дистрибутери, увозници, претставници […]

ЈОРСМ: Иднината на истражниот центар на СЈО треба да се реши со нови одредби


Иднината на истражниот центар, вработените, опремата и се што е поврзано со функционирањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) треба да се реши со нови одредби кои треба да се донесат од надлежен орган, велат за МИА од Јавното обвинителство на […]

Конте: Не сакам да барам изговори


Тренерот на Интер, Антонио Конте, по поразот од Борусија Дортмунд во 4. коло од Лигата на шампионите (2:3) одби да зборува за тоа што се случи во второто полувреме. По првото полувреме екипата на Милан поведе со 2:0. – Истата работа се случи и во Барселона. Јас навистина не сакам да коментирам за второто полувреме, […]

ССК бара зголемување на бројот на ученици во средните стручни училишта


Да се намалат квотите за запишување ученици во гимназиите и другите општествени струки, а една третина од вкупниот број слободни места да бидат за средните стручни училишта, предлага Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК). Како што беше речено денеска на прес-конференција, само на компаниите на територијата на Гази Баба им се потребни повеќе од […]

Опасни експлозиви и гориво отстранети од државава


Големото количество опасни и експлозивни ствари лоцирани меѓу населените места Ново Село и Волково, скопско, што неколку години претставуваше едно од најголемите загадувачки жаришта и опасност за животната средина, безбедноста и за здравјето на граѓаните, е отстрането од територијата на нашата држава. Како што соопшти денеска владиниот Сектор за односи со јавноста, за отстранување на […]

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите дека во бегството на поранешниот специјалец се вмешани и некои полициски службеници, нагласи дека има разни шпекулации и оти полицијата не смее своите одлуки да ги темели на ниво на шпекулации. Истакна дека вчера конечно Јавното обвинителство во Штип отвори […]

„Кармен“ по 17 години со премиера во НОБ


Во Националната опера и балет се одржа прес-конференција по повод премиерата на операта „Кармен“ од Жорж Бизе, која ќе биде изведена на 8 и 12 ноември. По нејзината последна премиерна обнова во 2002 година, по 17 години, „Кармен“ ја доживува својата седма премиерна обнова реализирана во рамките на националната оперска куќа. Нејзиното поставување, како и […]

Шер: Носев контраверзни фустани на Oскарите за да испратам порака на Академијата


САД- Шер (73) само потврди дека отсекогаш била крајнo бунтовнa со стилот. Актуелна со новиот спот за „Вог“во кој ги промовира најиконичните изгледи од 1965 година до денес, поп-ѕвездата ја сподели приказната зад нејзиниот контроверзен аутфит за Оскарот во 1986 година. Создаден од нејзиниот долгогодишен пријател и дизајнер, Боб Меки, Шер носеше црна тоалета проткаена […]

Сведок на „Ласкарци“: Многу лоша слика, имаше многу мртви и заглавени под автобусот


Многу лоша слика, што никогаш не сум видел. Имаше многу мртви и заглавени под автобусот што не можеме да ги извадиме, изјави еден од очевидците, жител на селото Ласкарци кој меѓу првите пристигнал на местото на превртениот автобус, на денешното судење за сообраќајната несреќа од 13 февруари годинава, во која животот го загубија 16, а […]

„Алкалоид“ АД Скопје вложува 1.800.000 евра во Србија


„Алкалоид“ АД Скопје континуирано вложува во освојување поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел, на 21.10.2019 година изврши дополнително вложување во „Алкалоид“ ДОО Белград, друштво кое е 100 отсто сопственост на „Алкалоид“ АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог. Станува збор за инвестиција вредна 1.800.000 евра, наменета […]

Шест патници и возач повредени при нагло запирање на автобус


Седум лица се повредени, од кои едно потешко откако автобус нагло запрел. Несреќата се случила вчера на ул. „Втора македонска бригада“ во Скопје, кога Ш.К.(45) од Скопје управувајќи со автобусот „даф“ нагло запрел, при што со повреди се здобиле шест патници и возачот. -Со тешки телесни повреди се здобил Џ.Д.(59) од Скопје и бил пренесен […]