Михалољакос: Невин сум


Лидерот на Златна зора, Никос Михалољакос, на почетокот од неговиот исказ на денешното рочиште од судскиот процес против партијата, изјави дека е невин и оти станува збор за политички монтиран случај, јави дописничката на МИА од Атина. Во преполната сала за свечености во атинскиот суд, каде што е присутна и мајката на убиениот музичар Павлос […]

Ричард Гир го чека второто дете со Александра


САД– Славниот актер Ричард Гир (70) и неговата втора сопруга Алехандра (36)  го очекуваат своето второ дете. Додека двојката е прилично тивка во врска со нивниот личен живот, Алехандра објави селфи на нејзиното бебе, кога таа беше бремена со нивниот син. „Јас сум многу среќна! # Среќна девојка“, напишала под фотографијата. Ова ќе биде трето […]

Лавров: Ограничувањата на руските медиуми се политичка цензура


Русија– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека ограничувањата на работата на руските новинари во голем број држави е обид да се воведе политичка цензура. – Постои непријателска атмосфера и недоверба кон руските медиуми во голем број земји, истакна Лавров на конференција посветена на слободата на медиумите. Како што истакна, шефот на […]

Буџетот за 2020 на денешната владина седница


На дневниот ред на денешната редовна 163-та седница на Владата на Република Северна Македонија е ставен на усвојување Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година и Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година. На оваа седница, како што соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, ќе биде […]

Pendarovski will meet Macron on Tuesday


North Macedonia’s President Stevo Pendarovski will meet French President Emmanuel Macron November 12, the President’s office confirmed Tuesday. President Pendarovski is set to visit France November 11-13 and address the 2019 Paris Peace Forum on November 12. The event brings together more than 30 heads of state and government. Pendarovski stressed that in the coming […]

Стотици домови разурнати во Франција, Шпанија и Италија по бурата Амели


Франција– Стотици домови се разурнати во Франција, Шпанија и Италија по бурата Амели, а илјадници лица останаа без струја. Невремето ја зеде и втората жртва, кога во понеделникот една жена во Ница настрада при свлечиште на земјиштето. На некои места јачината на ветрот достигнува до 160 километри на час, поради што се формираат огромни бранови. […]

„Луфтханза“ побара судска забрана за штрајк


Германија – Германската авиокомпанија „Луфтханза“ побара од судот во Франкфурт да изрече забрана за штрајк на кабинскиот персонал, најавен за утре и в петок. Портпарол на компанијата потврди дека „Луфтханза“ побарала од Работниот суд во Франкфурт да изрече мерка забрана. Од компанијата соопштуваат дека работат на изработка на план на летање, кој ќе биде објавен денеска. […]

„Аудиенција“ од Хавел во МНТ по повод 30 години од Кадифената револуција


Во Македонскиот народен театар вечер од 18 часот ќе биде изведена премиерата „Аудиенција“ од Вацлав Хавел во режија на Сибел Абдиу, во рамки на одбележувањето 30 години од Кадифената револуција. Ја организира Амбасадата на Чешка во Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија, Министерството за култура, МНТ и „Машина продакшн“. „Аудиенција“ е трагикомична апсурдна […]

Ѓоковиќ и Федерер ќе бидат во иста група на завршниот Мастерс


Англија– Од 10 до 17 ноември во „О2 арената“ во Лондон ќе се одржи завршниот Мастерс турнир на кој ќе настапат осумте најдобри тенисери на светот, а со ждрепката, беше одредено Роџер Федерер да се најде во група со Новак Ѓоковиќ. Во моментов, лидер на АТП листата е Рафаел Надал, а вториот Ѓоковиќ и третиот […]

Конте: Не сакам да барам изговори


Тренерот на Интер, Антонио Конте, по поразот од Борусија Дортмунд во 4. коло од Лигата на шампионите (2:3) одби да зборува за тоа што се случи во второто полувреме. По првото полувреме екипата на Милан поведе со 2:0. – Истата работа се случи и во Барселона. Јас навистина не сакам да коментирам за второто полувреме, […]

Заев: Средбата на Пендаровски со Макрон може да биде само од помош


Премиерот Зоран Заев ја поздравува најавената средба на претседателот Стево Пендаровски со неговиот француски колега Емаунел Макрон и смета дека таа може да биде само од помош и е можност уште еднаш да се разговара и да се претстават аргументите што се на нашата страна во процесот на проширување. – Среќен сум што конечно наш […]

Владата одобри гасификација на КПУ Затвор Скопје за намалување на аерозагадувањето


Влада на вчерашната 162 редовна седница ја одобри гасификација на КПУ Затвор Скопје за намалување на аерозагадувањето, обезбеди буџет за изградба на детски градинки во Чаир и Лозово и за опрема во градинките во Куманово, Брвеница и Босилово, а ја започнува и подготовката за пилот програма за сексуално образование. На седница, соопшти владиниот Сектор за […]

Хрватска ги укинува квотите, ширум отворени вратите за странските работници


  Годишните квоти за увоз на странски работниви кои до сега ги одредуваше Владата на Хрватска заминуваат во историјата. Работодавците од Хррватска во иднина ќе вработуваат странски работници врз темел на пазарот на труд кој го спроведува Хрватските завод за вработување. Како што пишува „Вечерњи лист“, ова произлегува од Законот за странци, кој е во […]

АД ЕСМ: Државата се снабдува од домашно производство, нема увоз на струја


Тарифните потрошувачи во државата се снабдуваат со електрична енергија од домашно производство, односно главно од производните капацитети на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Недостиг на електрична енергија нема, ниту е потребен интервентен увоз, се вели во демантот на ЕСМ на ВМРО-ДПМНЕ. ОД ЕСМ информираат дека не се точни наводите изнесени од ВМРО- ДПМНЕ. – […]

Фридом хаус: Интернет слободата загрозена од дигиталниот автократизам, пропагандата на социјалните медиуми фунционира подобро од цензурата


САД – Слободата на интернет е загрозена од дигиталниот авторитаризам проникнат низ целиот свет, додека репресивните режими, политичари и партиски активисти со автократски тенденции ги користат социјалните медиуми за контрола врз граѓаните и дисторзија на политичките процеси, се вели во најновиот извештај на „Фридом хаус“ за слободата на интернетот. Како резултат на ваквата ситуација, извештајот […]

Ангеловска: Прогресивниот данок не го укинуваме, ќе работиме на фер, ефикасно и сеопфатно решение


Прогресивниот данок не се укинува туку го ставаме во мирување. Во следниот период ќе се работи дизајн на оптимално решение што ќе биде фер, ефикасно и сеопфатно. Ова го истакнува министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Македонската телевизија во кое додава дека одлуката на Владата покажува трезвеност и носење одлука врз основа на […]

Џонсон побарал од Трамп укинување царини за виски


Британскиот премиер Борис Џонсон го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги укине новите царини на стоките, вклучително и за шкотското виски, изјави портпаролот на британската влада. Џонсон го побарал тоа од Трамп во телефонски разговор во кој го повикал и да не наметнува царини за автомобили. „Двајцата лидери ја потврдија својата заложба за зајакнување […]

Анкета: Речиси 60 отсто од Русите бараат промени во земјата


Речиси 60 проценти од луѓето во Русија бараат значителни промени во земјата, а повеќето од нив како главна причина ги наведуваат сериозните промени во политичкиот систем, пренесува „Ведомости“ податоци од  заедничко истражување на центрите „Карнеги“ и „Левада“ во Москва. Според анкетата, процентот на жителите во Русија кои сакаат решителни промени во својата земја се зголеми […]

Седум сообраќајки во Скопје, тешко повреден патник во автобус


Патник во автобус бил тешко повреден во една од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случилеи во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајки со полесни повредни се здобиле шест лица, а во една била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала пет возачи кои […]

Битолскиот театар гостува во НР Кина


НУ Народен театар Битола ја почна втората театарска турнеја во НР Кина на која до 18 ноември ќе гостува на неколку театарски сцени во Шангај и Пекинг. За време на гостувањата во НР Кина, актерите на битолскиот театар ќе ја играат претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, во режија на Итаи Дорон. Според програмскиот престој, […]